Несекојдневен маркетиншки пристап или психолошки тест за суштината? Што е важно?
Од денес на ТВ каналите и социјалните медиуми забележавме интересни реклами кои го привлекуваат вниманието на публиката.
Познати ситуации од секојдневието на секој од нас, полно емоции во секој кадар, но сепак нешто суштински недостасува. Пораката е едноставнa: Што е важно?
Зад рекламите не е потпишан никој, што дополнително ја поттикнува љубопитноста кај гледачите. Веројатно ќе почекаме уште малку, па во целост да откриеме кој стои зад овие реклами и позадината на пораката, а дотогаш, можеби не е лошо малку да подразмислиме што навистина е важно за секој од нас?
Погледнете во продолжение едно од видеата од овој серијал.