Не му го давајте мобилниот телефон на детето, купете му лизгалка

Не му го давајте мобилниот телефон на детето, купете му лизгалка

Претворете го вашиот дом во игротека. Овозможете му на детето да совладува препреки, да се лизга и да ужива во играта. Во продавниците за деца можат да се најдат лизгалки кои не чинат многу пари , а можат да се стават и во вашиот дом. Качувањето на лизгалка овозможува детето правилно да ја развива моториката на рацете и нозете, а да не зборуваме каква среќа предизвикува ваквата направа.  Среќата пак предизвикува напредок на детето, децидни се психолозите кои препорачуваат децата постојано да играат. Наместо да му го дадете мобилниот телефон на вашето дете, купете му играчка со која ќе го стимулирате неговиот развој .

(1) ne-mu-go-davajte-mobilniot-telefon-na-deteto-kupete-mu-lizgalka-www.kafepauza.mk

Направете да се почувствува убаво во својот детски свет. Овозможете децата да ја развијат имагинацијата во Светот каде принцезите живеат во замоци, а момчињата имаат свои мини куќички. Ваков тип на лизгалки и куќи има во продавниците на Дексико. Таму може да се најдат играчки кои дворот можат да го претворат во забавен парк, како и многу помали кои можат да се сместат и во домот. Парите потрошени за децата не се фрлени пари, напротив играчките помагаат за психофизичкиот развој на децата.

Честопати за да не остват на раат, знаеме да бидеме попустливи кон децата, со што ги правиме зависници од технолошките направи, тотално асоцијални личности, кои живеат во нереален виртуелен свет.

Доколку сакаме да имаме здрави деца, тие треба да излезат од дома, што повеќе време да поминуваат во игра во природа, дружејќи се со своите врсници. Да се набават детски куќички, лизгалки, трамбулини и други реквизити за во дворот, со цел да децата да играат надвор.

(2) ne-mu-go-davajte-mobilniot-telefon-na-deteto-kupete-mu-lizgalka-www.kafepauza.mk

Децата треба да се движат, да скокаат на трамбулина, да се лизгаат, да се смеат, да се дружат со други деца, да бидат во реалниот свет, бидејќи само така можат да израснат во здрави луѓе, кои ќе се носат со сите животни предизвици.

Во Дексико има голем избор на детски куќички, лизгалки, карпи и разни комбинирани сетови за качување, пикање, скокање, играње улоги и секаков вид друга забава која може да биде искреирана од детската фантазија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар