Не мораме да се видиме за да испиеме кафе заедно

Не мораме да се видиме за да испиеме кафе заедно

Од сите начини на кои пандемијата влијае на светот, социјалниот елемент е најпогоден и веројатно трајно ќе се измени во иднина. Кога прегратките и ракувањата престануваат, важно е да го одржиме контактот со луѓето кои ги сакаме и така да го подигнеме нивниот, но и нашиот дух, за полесно да се справиме со деновите кои следуваат.

Не мораме да се видиме за да испиеме кафе заедно

Поради природата на вирусот, социјалните случувања се сведени на минимум, со цел да се заштитиме себе и луѓето околу нас. Сепак, тоа не значи дека секојдневните навики треба да исчезнат. И денеска, како и обично, испијте го омиленото кафе со најблиските, на еден поинаков начин.

Помислете на сите оние чии насмевки ве радуваат: вашите родители, баби, дедовци, роднини и пријатели. Помислете на нивната безбедност и на тоа дека во вакви моменти, она што им е потребно е поддршка, утеха и добар разговор. Уште веднаш, земете го смартфонот и „поканете“ ги пријателите на шолја кафе која ќе ја испиете заедно. Тие во удобноста на својот дом, вие во вашиот – не морате да се видите за да испиете кафе заедно.

Со шолја Grand kafa #НикогашНеСтеСами! Дури и во моменти кога напуштањето на домот не доаѓа предвид, ниту кога човечкиот контакт претставува голем ризик, па и кога никој не го посетил вашиот праг со денови. Сѐ додека ја имате топлата шолја кафе пред вас, ќе ги имате и сите оние мемории од првиот пат кога ги запознавте драгите луѓе во вашиот живот, радосните моменти, случките со пријателите и љубовта од семејството.

Заедничкото пиење кафе е активност која со генерации опстојува на овие простори и нуди момент за одмор и мирен разговор. Кафето го смирува мозокот, дава фокус, ве остава будни и свесни за полесно да го поминете денот пред вас. Денеска, додека го подготвувате ѓезвето за кафе, помислете на најблиските и одвојте момент за да ги потсетите дека се грижите за нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар