Најново од Бимилк: Баланс + свежо млеко

Најново од Бимилк: Баланс+ свежо млеко

Денес во ресторанот Déjà vu Бимилк го претстави првото функционално свежо млеко на пазарот, Баланс+. Производот е наменет за сите оние кои се трудат да водат активен животен стил и во својата исхрана да внесат колку може повеќе здрава храна полна витамини и хранливи состојки.

najnovo-od-bimilk-balans-svezho-mleko-kafepauza.mk

Баланс + свежото млеко ги обединува здравствените придобивки од консумирање на свежо млеко и пробиотик инулин, состојка која помага во процесот на варење на храната и која го забрзува метаболизмот. Дејството на пребиотик инулинот овозможува чувството на леснотија преку целиот ден која се добива со редовно користење на Баланс+ производите.

Богатиот вкус на свежото млеко и ниската масленост од само 1% млечна маст го прават Баланс+ свежото млеко одличен избор за појадок секогаш кога сакаме свеж и вкусен почеток на денот.

Практичните пакувања од 750 мл веќе се достапни во супермаркетите низ целата земја. Баланс+ свежото млеко не е  потребно да се вари пред консумирање, за зачувување на неговата свежина доволно е да се чува во фрижидер и да се користи во рок од три дена по отворање на пакувањето.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар