Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот „Битрикс Танцова Лига 5“ започнува утре

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот „Битрикс Танцова Лига 5“ започнува утре

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот, ова година по петти пат ќе се одржи во Скопје во организација на Битрикс културно-уметнички центар

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот „Битрикс Танцова Лига 5“ започнува утре

Станува збор за интернационален танцов камп и фестивал кој изобилува со богата програма: танцови настани, работилници, натпревари (battles), перформанси и сл. Организаторите велат дека за ова петто јубилејно издание, создале програма каква што немало на Балканот досега. Програмата е поделена во пет сегменти како симбол на петте досегашни кампови години, и тоа: програма за деца „Kidsterz“, работилници со домашни и регионални инструктори „Community Program“, работилници со едукатори „Educational Program“, работилници со интернационални предавачи „International Program“ и перформанси/натпревари.

На танцовата лига секоја година доаѓаат реномирани кореографи, па така и годинава се појавуваат едни од најзвучните имиња во сферата на урбаниот танц. Од 8-17 јуни во Скопје доаѓаат: Kenzo Alvares (Холандија), Jaja Vankova (Украина), Dylan Mayoral (Англија), Kevin Paradox (Холандија) и Edwin Batalla (Германија/Јамајка), кој е минатогодишниот победник на најголемиот freestyle battle во Европа „Summer Dance Forever“ – Амстердам.

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот „Битрикс Танцова Лига 5“ започнува утре

Покрај интернационалните имиња, во периодот од 8.06 – 13.06, во „Јавна Соба“, ќе се одржат работилници со кореографи од Бугарија „Skywalkers Crew“ и од Србија „Continuum Dance Theater“, како и сите инструктори од Битрикс (Ивана Балабанова, Стефани Пецалевска, Ана Марија Темелковска, Сара Ничота, Сандра Најдановска, Јана Петровска, Леонарсо Хусеини, Мартин Иванов и Ива Богоевска). Ќе се одржат работилници и по современ танц и тоа од: Александра Начева – професорка во средното училиште „Илија Николовски – Луј” – Скопје, Бојан Мицев (ФМУ), Теодора Ежовска (ФМУ), а Адријана Данчевска – позната по својата работа во „Скопје танцов театар“ по пат на аудиција ќе одбере тим со кој ќе подготви танцов перформанс.

Во периодот од 14-17 јуни, во Младинскиот Културен Центар ќе се одржат настани кои нема да ја остават рамнодушна публиката.

Интернационалниот дел од кампот ќе се отвори на 14.06 со перформансот на Адријана Данчевска, а истата вечер ќе се одржи спектакуларен и посебен аудиовизуелен перформанс „Етер“ во кореографија на Ивана Балабанова, а со звукот на Дарија Андовска и анимациите на Глигор Постоловски (ДВД 5).

На 15.06 и 16.06 ќе се одржат танцови битки „Beat-Making Battle“ и „All Styles Battle“. Beat-Making Battle е концепт на натпревар помеѓу дуа од бит-креатори и танчери, а како судии се појавуваат минатогодишните победници Јана Петровска и Иван Костадинов (Панда) и Ивана Балабанова и Брус (Green Out). „All Styles Battle“ битката помеѓу танчери, оваа година ќе се реализира со звуците на Inomatik (Мики Миноски) и изведба во живо на бендот “Musaiq”. Судии на натпреварот ќе бидат Dylan Mayoral, Edwin Batalla и Kevin Paradox.

На 17.06, фестивалот ќе се затвори со „Гала Вечер“ каде ќе се претстават повеќе локални танцови клубови, како и перформанси на кореографите и предавачите.

Креативен директор на фестивалот е Ивана Балабанова, за креативата и дизајнот е одговорна Ана Стојановска, а Марсбен се појавуваат како официјална видео-продукција.

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот „Битрикс Танцова Лига 5“ започнува утре


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар