Најдобрите фудбалски совети од Мурињо во „Top Eleven 2015“, новата верзија од најпопуларната видео игра, сега достапна и на IOS и Андроид

Најдобрите фудбалски совети од Мурињо во „Top Eleven 2015“, новата верзија од најпопуларната видео игра, сега достапна и на IOS и Андроид

„Top Eleven Be a Football Manager“ (единаесетте најдобри – биди фудбалски менаџер), светски најпопуларната онлајн крос-платформа за спортски видео игри, денес ја лансира верзијата 2015 која е достапна на IOS и Андроид. Играта има 100 милиони регистрирани корисници од целиот свет, со 10 милиони активни месечни корисници.

Најдобрите фудбалски совети од Мурињо во „Top Eleven 2015“, новата верзија од најпопуларната видео игра, сега достапна и на IOS и АндроидНајдобрите фудбалски совети од Мурињо во „Top Eleven 2015“, новата верзија од најпопуларната видео игра, сега достапна и на IOS и Андроид

Креирана од компанијата „Nordeus“ новата верзија може паралелно да се игра на мобилните уреди и на веб, на насловната страна е менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, а играта им овозможува на играчите да го одберат својот фудбалски клуб, да контролираат сè, од тактиката на својот тим, трансферите на клубот, па до финансиите и исполнетоста на стадионот.

Корисниците се регистрираат преку Фејсбук и ги предизвикуваат нивните пријатели или други играчи да се натпреваруваат во различни фудбалски шампионати, пријателски и куп натпревари, со можност се искачат на врвот во светот на менаџерите, зголемувајќи го сопственото искуство и статусот на нивниот клуб. Уште повеќе, менаџерот на Челзи самиот ќе им даде на новите корисници инструкции и упатства во играта, ќе ги сподели своите совети и тактички знаења, за да им помогне на играчите да ги зголемат своите менаџерски искуства и да се искачат на врвот.

Најдобрите фудбалски совети од Мурињо во „Top Eleven 2015“, новата верзија од најпопуларната видео игра, сега достапна и на IOS и Андроид

Фановите на видео играта „Top Eleven 2015“ ќе ги пречекаат новите промени, со подобрувања на корисничкиот интерфејс, како и во графиката, во напредокот во самата игра, и во преговорите за трансфер.

Што е ново во Top Eleven 2015?

Подобрените функции вклучуваат:
  • Нови анимации, 3D дизајн и подобрен кориснички интерфејс што ќе овозможи извонредно реално искуство.
  • Натпреварот е како огледало на акцијата на теренот, давајќи ѝ на играта вистинска и жива атмосфера.
  • Преговарањето трансфер на играчите сега е потешко.
  • Редизајниран е делот во играта за помош, трофеј собата и многу поедноставни се менијата.
  • Многу побрза е обуката на играчите и нивната селекција.
  • Оптимизираната верзија за таблет корисници, овозможува подобра графика и 3D анимации.



Жозе Мурињо, менаџер на Челзи и амбасадор за „Top Еleven“ изјави: „Менаџирањето со фудбалот е работа на многу љубов и страст за фудбалот. Но, за да се стане навистина успешен, исто така треба да се знае сопствениот тим, многу да се мисли и секако да се надмудрат конкурентите. Видео играта на ‘Nordeus’ не е ништо поразлично од тоа, и токму поради тоа и јас сум возбуден што сум вклучен во ‘Top Eleven’ – играта е одличен пример за тоа како совршено се вклопуваат тим менаџментот, вештините и страста.“

Корисниците играјќи лесно може да се префрлат од нивниот смартфон на нивниот таблет, и да продолжат со истата игра како досега, без губење на напредокот.

Играта може бесплатно да се симне и е достапна на IOS и Андроид од денес.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар