Најдобрата заштита од штетното дејство на УВ зраците?
Нема човек кој не ужива во пролетните сончеви денови. Вообичаено сакаме да седнеме и уживаме на отворено, додека нежните сончеви зраци ја галат нашата кожа. Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот Д, но ги поттикнува и одбранбените механизми на нашата кожа кон УВ-те зраци. Го планираме јунскиот одмор, со цел да ги искористите останатите денови од годишниот одмор. Целото семејство е возбудено и се радува на деновите покрај море, езеро или пак на планина.
За дерматолозите нема никакви дилеми дека сонцето е важно како и водата: без сонцето како и без водата нема живот. Меѓутоа, тие сѐ погласно апелираат да се чуваме од штетното дејството на УВ-зраците.
Кога сме надвор, во основа треба да ги следиме т.н. златни правила, а тоа се: да го избегнуваме силното пладневно сонце, да не ги изложуваме бебињата и малите деца до 3 години на прејака сончева светлина, да избереме производ за заштита од сонце според нашиот фототип на кожа, да нанесеме од него пред да излеземе на сонце и редовно да повторуваме во текот на денот, да носиме облека од лесен материјал, капа, очила за сонце, да пиеме доволно течности и да бидеме особено внимателни со изложување на сонце доколку сме правеле ласерски третмани, хемиски пилинзи или ако земаме фотосензибилизирачки лекови.
Без оглед на возраста, секоја кожа има потреба од заштита од сонце.
Иновативниот Eucerin®SUN Anti-age PHOTOAGING Control ја заштитува кожата од сонце и истовремено се бори со постоечките брчки, благодарение на додадената хијалуронската киселина во него.