Момчето што ја хакираше НАСА: Третата сезона од серијата Скорпион ексклузивно на Pickbox

Момчето што ја хакираше НАСА: Третата сезона од серијата Скорпион ексклузивно на Pickbox

Не мораш да бидеш гениј за да сфатиш дека новата динамична драма Скорпион (Scorpion) што се прикажува на Pickbox е генијална. Или дека главниот лик Волтер О’Брајан е гениј. Серијата за група бубаџии со огромен коефициент на интелигенција е една од најгледаните оваа есен и собра одлични критики, а Волтер, наводно, има многу поголем коефициент на интелигенција и од Ајнштајн. Со оглед на тоа дека со таков ум може да се направи сешто, оваа серија ќе ни покаже со што може еден ненормално паметен човек да се занимава во денешниот свет.

1-momcheto-shto-ja-hakirashe-nasa-tretata-sezona-od-serijata-skorpion-ekskluzivno-na-pickbox-kafepauza.mk

Целосните две сезони веќе се достапни на Pickbox, а од 4.10., ексклузивно во HD започна третата сезона, само еден ден по прикажувањето во Америка.

Серија инспирирана од вистинскиот Волтер О’Брајан

Прва работа која веројатно се прашувате кога ќе помислите на генијалците како Волтер О’Брајaн е зошто таквите луѓе не се занимаваат со политика и не го спасат светот со своите генијални идеи? Со оглед на тоа што серијата „Скорпион“ е снимена според животот на вистинскиот Волтер О’Брајaн кој уште како момче од 13 години ја хакирал НАСА, тука има материјал за размислување околу тоа кои се слабостите на модерниот свет и кој може да нѐ спаси кога работите ќе тргнат наопаку.

Со оглед на тоа дека луѓето како Волтер О’Брајaн се премногу паметни за овој свет, логично е со нив нешто друго да не е во ред. Тоа е секојдневното снаоѓање во општеството кое ги слави баналноста и површноста и покрај фасцинантните технологии што ни се достапни, па виртуелните можности ги користи за гледање мачиња и кучиња. Затоа Волтер околу себе собрал тим од исто толку паметни но општествено неподобни луѓе, а сите нив ги ангажирала владата како последна техничка точка на одбраната кога работите ќе тргнат во многу лоша насока. А изгледа дека во последно време често одат во таква насока, па тука на помош доаѓаат Волтер и неговиот тим од соништата.

SCORPION

Секој е генијален на свој начин

Од овие четворица генијалци, секој има свое подрачје на експертиза, а нивниот вкупен коефициент на интелигенција е застрашувачки: 700.

Волтер (го игра младиот Елијас Гејбел) е експерт за компјутери, тој уште не го открил целосно својот животен повик, а често можете да го најдете како го поправа безжичниот интернет по рестораните на крајот од градот затоа што тоа му носи каква-таква заработувачка. Тука е и жената за која повеќе саката да склопува и да расклопува компјутери отколку да работи на нив, а се вика Хепи Квин (ја игра Џејдин Вонг). Човечкиот дигитрон Силвестер Дод (Ари Стидам) е најдобар со броевите и за миг може да пресмета какви се шансите нешто да се случи или не. Тука е и проблематичниот „психијатар“ Тоби Кертис (Еди Кеј Томас, играше во „Американска пита“), кој врз основа на говорот на телото може да прочита што мисли некој. Покриваат многу подрачја, а заедно се многу моќен тим.

SCORPION

Забава со многу акција

Серијата „Скорпион“ ветува многу акција, трки со времето, решавање на загатките што ни ги носи модерниот живот и нема врска што не сте генијалец – забавно е да гледате како многу паметните луѓе би решиле некој проблем кој ние обичните никогаш не би го ни забележале. Ако серијата ве потсети на „Теоријата на биг-бенг“, тоа веројатно ќе биде во миговите кога келнерката Пејџ, која и самата има син генијалец, ќе одлучи оваа група од бубаџии да ја подучи како да се однесува понормално.

Пилотот на серијата го режираше Џастин Лин, продуцентот на „Брзи и бесни“, додека режијата за најмногу од епизодите ја потпишува Сем Хил, продуцентот на „ЦСИ: Мајами“. Вистинскиот Волтер О’Брајaн е ирски бизнисмен и основач на компанијата „Скорпион“ и е дел од тимот сценаристи.

Гледајте ги на Pickbox и во склоп на Pickbox видеотеката на Max tv.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар