Модерен и урбан простор за секој посетител: ОНЕ го отвори реновираниот салон во Неготино

Модерен и урбан простор за секој посетител: ОНЕ го отвори реновираниот салон во Неготино

Датум: 06 мар 2014
Тагови:

Во присуство на официјални гости од Неготино и Кавадарци и бројни локални посетители, телекомуникацискиот оператор ОНЕ го отвори својот реновиран продажен салон во Неготино.

(1) moderen-i-urban-prostor-za-sekoj-posetitel-one-go-otvori-renoviraniot-salon-vo-negotino-kafepauza.mk

Со реновирањето, салонот доби комплетно нов и модерен изглед. Целокупното ентериерно решение на просторот е во согласност со имиџот и брендот на компанијата и претставува модерен и урбан простор кој овозможува поблиска комуникација на персоналот со клиентите.

(2) moderen-i-urban-prostor-za-sekoj-posetitel-one-go-otvori-renoviraniot-salon-vo-negotino-kafepauza.mk

На денот на отворањето, првите дваесет посетители кои направија сметка од најмалку 100 денари, го добија на подарок новиот албум на Каролина Гочева “Македонско девојче 2”, која трета година по ред е заштитно лице на телекомуникацискиот оператор ОНЕ.

(3) moderen-i-urban-prostor-za-sekoj-posetitel-one-go-otvori-renoviraniot-salon-vo-negotino-kafepauza.mk

Продавницата во Неготино е деветта во низата реновирани продавници на ОНЕ, покрај шесте во Скопје и тоа продавниците во: ГТЦ, ТЦ Бисер, ТЦ Лептокарија, Скопје Сити Мол, Бит Пазар и Веро Тафталиџе и двете во Струмица и Кавадарци, а за годинава се предвидени уште 6 продавници за реновирање со што телекомуникацискиот оператор ОНЕ ќе заокружи вкупно 15 продавници со комплетно нов имиџ и ентериер.

(4) moderen-i-urban-prostor-za-sekoj-posetitel-one-go-otvori-renoviraniot-salon-vo-negotino-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар