Министерот Тевдовски, екипата на Исцелител и градоначалникот на Македонија во „Еден на Еден“
Повторно полно студио гости во Еден на Еден. Во недела, во најгледаното ток-шоу во Македонија, гостува Драган Тевдовски. Министерот за финансии пред публиката зборуваше за неговата функција, животот во Данска, студентите, семејството, но и како поминува една владина седница.
Покрај министерот, во недела ќе ги гледаме и актерите од „Исцелител“. Благој Веселинов, Анастас Тановски и Аксел Мехмед зборуваат за тоа што сѐ се случуваше на снимањето на еден од најгледаните и најнаградувани македонски филмови во последниот период. Секако, не ја пропуштија шансата и да го зготват фамозниот колач.
Посебно изненадување за гледачите ќе биде и интервјуто со градоначалникот на градот Македонија од Охајо.
Не ја пропуштајте оваа епизода на Еден на Еден во недела 18:50 часот на Канал 5!