Методи за отстранување на несаканите влакна: Бричење, депилација, епилација, ласер или IPL?

Методи за отстранување на несаканите влакна: Бричење, депилација, епилација, ласер или IPL… Што е поефикасно, што е подолготрајно, поисплатливо?

Времето станува сè потопло и веќе одвај дочекавме да ја извадиме пролетната, тенка облека. Но, со кусите ракави, кратките здолништа и фустани, доаѓа и „проблемот“ со изгледот на кожата која ѕирка под облеката. За повеќето жени, несаканите влакна на телото се постојан извор на нервози и фрустрација. Ќе се сложиме сите дека многу нервира кога во пролетните денови не можете да ги тргнете ракавите поради несредените влакна на рацете, или пак, поткожните влакна кои исклучително ве вадат од такт, па сѐ до стресот кога брзате да најдете термин кај вашиот козметичар за депилација пред премалку испланираниот викенд. Нели би било прекрасно доколку сето ова едноставно го надминете и уживате во долготрајно мазна кожа без влакна?

Една од најголемите дилеми за ефикасно отстранување на несаканите влакна е дефинитивно изборот на метод за нивно отстранување – депилација со восок? Или пак бричење? Или ласерско отстранување на влакната? Што е најефикасно, што е најевтино, што е побезболно?

Различните методи имаат различна ефикасност, свои предности, но и маани. Многу од нив одземаат голем дел од времето, некои се скапи, некои пак се болни, а пак некои едноставно не даваат долготрајни резултати кои сакате да ги постигнете.

Со цел да даде решение на проблемите со отстранување на несаканите влакна со кои жените секојдневно се соочуваат, Philips во соработка со реномирани дерматолози, по долготрајно истражување и тестирања спроведувани повеќе од 14 години, ја претстави Philips Lumeа, уред кој во себе ја има напредната IPL технологија која се користи во козметичките салони, но прилагодена за користење од комфорот на сопствениот дом.

Методи за отстранување на несаканите влакна: Бричење, депилација, епилација, ласер или IPL... Што е поефикасно, што е подолготрајно, поисплатливо?

Во продолжение направиме споредба на методите и резултатите за најчестите методи за отстранување на несаканите влакна, како во поглед на ефикасност, така и во поглед на цена.

Ќе започнеме со можеби најчестиот начин на отстранување на влакната:

Бричење

Бричењето е речиси најчесто користениот метод за брзо и безболно отстранување на влакната. Бричот е релативно евтино решение, па голем број жени се одлучуваат за овој метод и покрај краткотрајноста на ефектите. Со бричењето, влакното се сече до површината на кожата, па во наредните ден-два истото повторно расте и кожата станува рапава. Влакната во зоните кои се третираат со брич стануваат потемни, поцврсти и погусти, а често се случува кај оние со потемни влакна, да се гледаат и малите ситни точки по бричењето, што баш и не е многу пријатно.

И кон ова сигурно би ги додале и случајните исеченици, нели.

Но, со Philips Lumeа не мора да се грижите дали по ден или два некое влакно ќе се појави. Имено, нежните светлосни пулсирања ефикасно и безбедно го прекинуваат циклусот на растење на влакната, со што овозможуваат мазна кожа без влакна, секогаш и секаде. Притоа е подеднакво безболно како и бричењето и нема да треба повеќе да се грижите за исечениците. Затоа слоганот вели: Чувствувај се слободно… ослободени од грижите од несаканите влакна.

Методи за отстранување на несаканите влакна: Бричење, депилација, епилација, ласер или IPL... Што е поефикасно, што е подолготрајно, поисплатливо?

Депилација со восок

Депилирањето со восок е популарен метод за отстранување на влакната бидејќи овозможува долготрајни резултати и нуди флексибилност затоа што може да се користи на различни делови од телото. Повеќето жени го применуваат овој метод за отстранување на влакната од бикини зоната, надусниците или пак брадата.

Сепак, проблемот кој жените го посочуваат од примената на овој метод е тоа што, најпрво, треба да се чека влакната да бидат доволно долги за да може да се издепилираат, а дотогаш – нервозите со подраснатите влакна кои ѕиркаат под облеката. А потоа, кога доаѓа D-day за депилација, доаѓа и болката, црвенилото и иритација на кожата. Доколку се депилирате дома, покрај претходно наведеното, додадете го и нередот, напорот и времето кој ќе го вложите за резултатите кои сакате да ги постигнете. И така одново и одново, секој месец истите маки и нервози.

Со Lumea, нема потреба да чекате вашите влакна да пораснат до одредена должина за да го направите третманот, а и самиот третман е едноставен, без посебен напор. По првичните 4-5 третмани, влакната речиси и ги нема, па за да ја одржите мазноста на зоната, сè што треба е да ја повторувате процедурата со Lumea еднаш во период од 4 до 8 недели, без да чекате вашите влакна да пораснат.

Методи за отстранување на несаканите влакна: Бричење, депилација, епилација, ласер или IPL... Што е поефикасно, што е подолготрајно, поисплатливо?Доколку направиме споредба во однос на цената за третманите, Lumea можеби е иницијално поголема инвестиција, НО можете да ја користите и на другите делови од телото без дополнителни трошоци и до 20 години.

А сега, направете проста математика колку ќе трошите за депилација во наредните 3 години.

Да ви помогнеме: Имајќи предвид дека една посета на козметички салон за депилација на нозе, препони, раце и лице со восок чини во просек 1.000 денари, а кои ќе треба да ги одвојувате на отприлика 28 дена, за 3 години ќе потрошите околу 625 евра! (365 дена годишно / 1.000 ден. третман X 28 дена)

Не сме свесни колку трошиме на депилација, нели?

Епилација

Голем број жени користат епилатори, затоа што се многу поуредна алтернатива во однос на депилирањето со восок и се подолготрајно решение во споредба со бричењето.  Но, епилирањето може да биде многу болно и да предизвика црвенило поради тоа што влакната се вадат од корен, што, пак, може да предизвика поткожни влакна и мозолчиња.

Со Lumea, покрај тоа што се постигнува отстранување на влакната, безбедно се спречува повторното растење на влакната под кожата поради тоа што фоликулите на влакното се наоѓаат во „фаза на мирување“. Тоа значи дека влакната ќе отпаднат сосема природно, па нема потреба од насилно вадење, како што е случајот со кубењето или епилацијата. Ќе можете да уживате во мазна кожа без влакна до 8 недели, без непријатни поткожни влакна и мозолчиња.

Третмани со IPL или ласерска технологија во козметички салон

Методи за отстранување на несаканите влакна: Бричење, депилација, епилација, ласер или IPL... Што е поефикасно, што е подолготрајно, поисплатливо?Во минатото, ласерските депилации, односно депилацијата со IPL технологијата беа единствено достапни во професионалните козметички студија, но со строго определена агенда за третманите и по енормно високи цени, кои и не се баш удобни, но сепак еден од најефектните методи за долготрајно отстранување на влакната.

Токму затоа, Philips долго ја истражуваше IPL технологијата што се користи во козметичките салони и создаде производ кој ги унифицира придобивките од IPL технологијата, но достапни за користење од комфорот на сопствениот дом и по далеку попристапни цени.

Доколку се направи едноставна математика, за еден третман со ласер или IPL технологијата во козметички салон на нозете, рацете, бикини зоната и надусниците и брадата, потребни ќе ви бидат околу 20.000 денари. Според професионалците, за постигнување на оптимални ефекти, потребни се 8 третмани, така што доаѓаме до инвестиција од над 170.000 денари!

Дознајте повеќе за Philips Lumea овде>>>


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар