Манго: микс од стилови и текстури во колекцијата есен/зима 2014

Манго: микс од стилови и текстури во колекцијата есен/зима 2014

MANGO официјално го отвори четиринаесеттото издание на модното шоу Барселона 080, каде ја презентираше колекцијата за есен/зима 2014. Редизајнираната, современа зграда на поранешната болница De Sant Pau на едно место собра повеќе од 800 шпански и интернационални ѕвезди, кои дојдоа да ги погледнат трендовите за следната сезона.

1-mango-miks-od-stilovi-i-teksturi-vo-kolekcijata-esenzima-2014-kafepauza.mk

Ревијата ја отвори германската манекенка Тони Гарн која уште еднаш заблеска и плени со својата спонтаност и елеганција. Женската колекција на MANGO претстави 42 комбинации, кои ги доловија водечките трендови за сезоната. Миксот на стилови и текстури е клучен елемент во колекцијата на овој шпански бренд, а е надополнет со предимензионирани парчиња, оние инспирирани од војничкиот изглед и панталони со висок струк. Во спектарот на бои за есен/зима 2014 најдоминантни се зелените тонови, црната и белата боја. Лежерниот дел од линијата е фокусиран на андерграунд модата со кожени јакни, парчиња со нитни и ниски чизми во јети стил.

080 Barcelona Spring-Summer 2015

Во машката линија пак, претставени беа 15 комбинации, каде исто така забележливо беше мешањето на стилови и трендови. Темните тонови се носечки за зимата, а сивата, црната и каки бојата се главни протагонисти во палетата на бои. Понудата на јакни и палта ја збогатува оваа линија, па така присутни се бомбер јакните, војничките палта и блејзерите. Колекцијата има и рок инспирација, доловена со парчиња како скратени панталони и едноставни фармерки во темни тонови. Формалните парчиња од колекцијата се комбинација на елеганција и волумен.

080 Barcelona Spring-Summer 2015

Ревијата на MANGO беше посетена од бројни познати лица како Жем де Марикалар, Тамара Фалко, Фиона Ферер, Лаура Вечино, Вики Мартин Берокал, која е сегашното заштитно лица не Violeta by MANGO и други.

080 Barcelona Spring-Summer 2015

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар