Мајка – едно од најдобро платените работни места
Инспирирани од тврдењето што ја слави моќта на здравото грло и вербата дека здравото грло може да инспирира, мотивира, поддржи или охрабри некого, а во насока на препознавање на мајките што имаат позитивна улога во животот на своите деца, Септолете Тотал ги повикува сите што сакаат да искажат почит и восхит кон своите мајките, да го направат тоа на веб-страната на Септолете Тотал.
Сите што им се бескрајно благодарни на своите мајки за сета грижа, нега, љубов и разбирање во текот на годините кога тоа им било најнеопходно, можат да испратат кратка порака со објаснување зошто сакаат да ѝ се заблагодарат на својата мајка. Септолете тотал ќе израдува една од тие мајки, креирајќи посебен момент за неа.
„Она што сакаме да го поддржиме е позитивната улога на мајките во општеството и да креираме мал знак на внимание за една посебна мајка, што ќе ја одбереме од сите пристигнати пораки. Оваа иницијатива ја отсликува вредноста на Септолете Тотал како бренд што се залага за препознавање и искажување на благодарност кон мајките за нивниот придонес кон благосостојбата на своите деца и важната и незаменлива улога на мајката во животот на секој од нас“ – изјави Марија Мисовска, претставник од Крка.
Да заборавиме на 8 март, на сите родендени, слави, годишнини или какви било други прилики и да ја искажеме нашата благодарност кон дамите заради кои денес сме најдобрата верзија од себе. Сите можеме да ја искористиме моќта на здравото грло и да им се заблагодариме на нашите мајки без да чекаме посебен ден за тоа. Да одбереме кој било момент од животот и да изразиме искрена благодарност кон оние што нѐ израснале, почитувајќи ја сета нивна љубов и пожртвуваност.
„Верувам дека сите се согласуваме со тоа дека да се биде мајка е едно од најдобро платените работни места на светот, земајќи во обѕир дека платата е чиста љубов. Но во ова еуфорично и грозничаво брзо темпо на живот забораваме да ги кажеме тие магични зборови: ‘благодарам и те сакам’. Затоа ги охрабрувам сите што сакаат да направат нешто мало, слатко за своите мајки, нека напишат порака на нашата веб-страна, а ние ќе се погрижиме една мајка да го добие она што ќе ѝ го стопли срцето“ – додава Мисовска.
Ниту еден подарок за нашите мајки, не е доволно добар како тој што таа ни го дала. Затоа Септолете Тотал сака да ја прослави и да возврати за сѐ она што мајките го прават за своите деца, верувајќи дека мајките се тие што ја користат моќта на своето грло да го успијат бебето што плаче, да ги охрабрат своите мали фудбалери и балерини, да ги утешат сите вљубени тинејџери, да бодрат, да поддржуваат, да советуваат, да додаваат ветер во едрата.
Моќта на грлото е огромна и тоа ни овозможува да се изразиме најдобро што знаеме. Тоа е основната идеја позади Септолете Тотал, што ја слави моќта на здравото грло и моќта на мајката од своето дете да создаде исклучително квалитетен човек.