Магијата на подарувањето започна

Магијата на подарувањето започна

Винчини направи селекција од најдобрите слатки и ги спакува во новогодишни пакетчиња за најмалите

Бесценето е да се види радоста на лицата на децата кога ги отвораат новогодишните подароци. За децата, тие  имаат големо значење, па често и неколку месеци пред Нова Година пишуваат писмо за Дедо Мраз и прават список на слатки и подароци кои сакаат да ги добијат, верувајќи дека новогодишните пакетчиња, Дедо Мраз на 1-ви јануари ќе им ги остави под елката.

InStore_MK, Slatka programa Final CMYK_n

Дечињата ги обожаваат новогодишните пакетчиња кои се полни со слатки производи, како специјална награда за нивното добро однесување. Тие уживаат да добиваат подароци, а ние возрасните со чинот на подарување ги учиме дека и давањето овозможува радост и топлина.

Во некои земји во светот, според традицијата, децата закачуваат празни чорапи декорирани со новогодишни мотиви за Дедо Мраз да ги наполни со слатки. Во Германија децата ги оставаат своите кондурчиња пред прагот на домот и веруваат дека кога ќе заспијат Сент Николас ќе им остави слатки во нив.

2-magijata-na-podaruvanjeto-zapochna-kafepauza.mk

А во нашите краишта, децата веруваат дека Дедо Мраз им остава пакетчиња под елката, па се трудат да ја накитат со најубави лампиони и светилки. Сите деца неизмерно се радуваат на традициите во текот на празниците. Тие се однесуваат примерно, ги слушаат своите родители, му пишуваат преслатки писма на Дедо Мраз уште пред да знаат да држат моливче во рака и копнеат за што поголемо пакетче полно со највкусни слатки нешта.

Во потрагата по совршени новогодишни  вкусови и оваа година Винчини ќе ги изненади дечињата своите најверни потрошувачи со новогодишни пакетчиња во кои ќе може да се најдат внимателно избрани производи, кои се најубавиот подарок и најголемата радост за децата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар