Ладна и оваа година ве повикувa да учествувате на детскиот ликовен конкурс

Ладна и оваа година ве повикувa да учествувате на детскиот ликовен конкурс

Минатата година Ладна ѝ овозможи на Ана и нејзиното семејство да ја почувствува магијата на Дизниленд Париз

„’Вистинската магија се наоѓа во нас самите’ – ова е пораката која ја носите по посетата на Дизниленд. Четири магични денови во кои бајките и филмовите оживуваат пред вас преку атракции, шоуа, паради, замоци, музика од Дизни филмови, вечера со Дизни ликови – сè заедно, уникатно и незаборавно искуство за целото семејство.“ Вака го опишува четиридневното искуство во Дизниленд мајката на првонаградената Ана Токарева, Санела од минатогодишниот ликовен конкурс на „Ладна“.

Пред само една година Ана победи на ликовниот конкурс на Ладна во категоријата на деца од 4 до 7 години и си помина незаборавно, спомен кој ќе го памети цел живот.

И оваа година најуспешните цртежи во секоја од двете категории, Ладна ќе ги награди со патување за целото семејство во Париз.

1-ladna-i-ovaa-godina-ve-povikuva-da-uchestvuvate-na-detskiot-likoven-konkurs-kafepauza.mk

„Дизниленд изобилува со атракции инспирирани од Дизни филмовите. Во куќата на Петар Пан влегувате во кабина и таа ве носи низ локации од филмот. Ќе се почувствувате како да летате над Лондон, меѓу ѕвездите, кај пиратите, а во еден момент во потполна темница ќе ја видите само месечината – како да сте долетале високо до неа. Или во куќата на Рататуј со 3D очила во колички се движите покрај глувчињата од сцените од филмот кои се прикажуваат пред вас, при што и вие сте дел од филмот! Па така учествувате во брканици, криенки, а во еден момент дискретно ќе бидете испрскани кога на сцената од филмот ќе се отвори шише шампањско – насочено кон вас!“, раскажува мајкта на Ана, Санела.

2-ladna-i-ovaa-godina-ve-povikuva-da-uchestvuvate-na-detskiot-likoven-konkurs-kafepauza.mk

„Дизниленд нуди единствено и незаменливо искуство за децата, а во исто време нè потсетува и нас родителите колку е важна магијата во животот и ако веруваме дека ја носиме во себе можеме многу да направиме. Детскиот ликовен конкурс на Ладна е совршен – од идеја до реализација. Неспорни се предностите кои цртањето ги обезбедува во креативниот развој на детето. Поттикнувањето на децата да цртаат е благородно само по себе. А наградата е незаборавно искуство кое ги ангажира сите сетила и дополнително го ослободува креативниот потенцијал и внатрешната магија“, заклучува Санела.

Оваа година темата на која децата ќе цртаат е „Животните и водата“. Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории и тоа деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 11.05.2010 до 10.05.2013 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 11.05.2007 до 10.05.2010 година.

Стручното жири ќе одбере по три најубави цртежи во секоја категорија, кои и оваа година ќе бидат наградени со 2 тридневни патувања во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.

Повеќе информации околу натпреварот можете да најдете на Фејсбук страницата на ладна Ладна: www.facebook.com/Ladna.mk.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар