Купувај опуштено!
Корисниците на платежните картички Visa и MasterCard на Стопанска банка Скопје, освен бенефитите од едноставно и безбедно онлајн плаќање, отсега имаат можност да освојуваат и вредни награди со купување или плаќање од каде било во светот.
Во насока на вреднување и наградување на своите клиенти кои редовно ги користат Visa и MasterCard платежните картички, Стопанска банка започна наградната игра „Купувај онлајн со платежните картички на Стопанска банка“.
Наградната игра започна на 1 јуни, а ќе трае до 31 декември 2015 година со извлекување секој месец по 5 добитници при што месечната главна награда изнесува 60.000 денари а ќе се доделуваат и по четири споредни од 10.000 денари. Дополнително, Банката преку ФБ фан страницата ќе обезбеди и утешни неделни награди.
Право на учество во наградната игра имаат сите корисници на Visa и MasterCard платежните картички на Стопанска банка, кои имаат над 18 години и кои ќе направат минимум една online (e-commerce) трансакција преку која било интернет продавница, и со секоја трансакција ја зголемуваат можноста да станат добитници.
Во денешното динамично време, онлајн трансакциите стануваат се почести, како резултат на напредокот на технологијата, нејзината достапност како и поради големите придобивки што со себе ги носи овој современ платежен канал. Наградната игра има за цел да ги поттикне онлајн плаќањата и електронската трговија, но и да ги едуцира трговците и клиентите дека користењето на платежните картички за online плаќања е навистина безбедно.
„Веќе една година картичките на Стопанска банка се единствени во нашата земја кои го поседуваат сертификатот за безбедно купување на интернет и среќни сме што плаќањето со картичка на интернет стана дел од секојдневието на нашите клиенти. За една година бележиме 100% пораст во употребата на картичките на интернет, како за плаќање на сметки за струја, вода, телефон, така и за онлајн шопинг кој се повеќе добива на популарност со бројните интернет попусти на домашните и странски интернет сајтови. Среќни сме што имаме можност преку наградната игра, која ќе трае до крајот на годината, дополнително да го стимулираме купувањето на интернет со платежните картички на Стопанска банка“ – изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.
Во наградната игра не учествуваат вработените од Банката и нивните најблиски семејства како и корисниците на картички кои на денот на извлекување имаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон Банката по кој било основ.