Куманово доби спортско-рекреативна зона – донација од Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola
Вчера во Куманово официјално беше отворена седмата „Coca-Cola Активна зона“, како продолжение на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola, за промоција на активниот начин на живот и добробит на заедницата.
Зоната во Куманово всушност е втора од вкупно пет што годинава се донираат низ неколку градови во Македонија, а донирана е на барање на граѓаните на Куманово и е резултат на повеќемесечни подготовки.
„Задоволство е што сите досега донирани ’Coca-Cola Активни зони‘ се исполнети со луѓе од сите генерации што го користат секој момент за да практикуваат активен начин на живот и се пример за сите нас за градење одржлива иднина. Како што ветивме, проектот сега добива свое продолжение и во Општина Куманово, а ќе продолжи со уште 3 нови ’Coca-Cola Активни зони‘ во 2017 година. Нема да застанеме сè додека не им овозможиме и не ги мотивираме сите наши граѓани колку што е можно почесто да спортуваат, да се рекреираат и да практикуваат активен начин на живот и сè додека не ја покриеме целата земја со ’Coca-Cola Активни зони‘. Уверен сум дека жителите на Куманово максимално ќе ја користат и со големо внимание ќе се грижат за неа, бидејќи еден ваков простор навистина го заслужува тоа“, изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.
„Ми претставува задоволство што денес Општина Куманово е домаќин на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola, дотолку повеќе што и нашата општина станува дел од големото семејство градови во кои се реализира овој значаен проект. Сакам да им изразам благодарност на двете компании, од свое лично име, но и од името на сите мои сограѓани, за прекрасниот простор што од денес ќе стане место на кое кумановци, не само што ќе се рекреираат бесплатно, туку некои ќе вежбаат и професионално бидејќи справите го овозможуваат тоа. Би сакал да ги поканам нашите граѓани ова да биде зона за забава и дружење за сите генерации“, изјави г. Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.
Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е започнат во 2012 година и е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola за промоција на активниот начин на живот. Преку оваа платформа, меѓу другото, беа донирани и бесплатни паркиралишта за велосипеди што, истовремено, ја рефлектира и стратешката определба на двете компании за вложување во заедницата, но и за поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен транспорт.
Во оваа насока, на настанот како почесен гостин беше и професионалниот велосипедист Зоран Ристовски од велосипедскиот клуб „Вело-М“, кој на своите сограѓани им ја потенцира важноста од редовната физичка активност.
„Навистина ми е чест што сум поканет денес да бидам дел од овој убав настан, особено што нам, професионалните спортисти, ни е од исклучителна важност да имаме соодветен простор за тренинг во секое време. Првпат имам можност пред натпреварите да се подготвувам и на отворено, и тоа на професионални справи, што е, несомнено, голема предност. Им порачувам на сите мои сограѓани да не ја испуштаат можноста за редовен спорт и рекреација бидејќи сега имаат одлични услови за тоа“, рече Зоран Ристовски.
И оваа „Coca-Cola Активна зона“ се состои од најсовремена фитнес-опрема, односно 5 професионални фитнес-справи и вратило, кои ќе бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа.
Одличен прилог за чиста десетка.убаво ,концизно и се опфатено од настанот.Браво за авторот пример како треба да изгледаат прилози без политика туку чиста бинформација со текст и слика од настанот.