„Крв и нафта“ – На Pickbox пристигнува наследникот на серијата „Далас“
Ако мислевте дека повеќе не е возможно да се збогатите преку бизнисот со нафта, се лажете. Кај нас во Македонија тоа секако оди тешко (да не речеме и невозможно), но ако тркнете до Северна Дакота во Америка, би можеле да бидете еден од среќниците. Секако, ова не е стварноста, туку одлична фикција во продукција на холивудското студио АБЦ кое нѐ почести со серијата „Крв и нафта“ (Blood&Oil). На Pickbox почнувајќи од 15.6 премиерно ве дочекуваат сите епизоди од серијата за која се тврди дека е модерна наследничка на серијата „Далас“.
Дон Џонсон и понатаму е голем играч
Многумина фантазираат за американскиот сон, за наоѓањето работа од сoништата, богатењето, идиличниот семеен живот, но често таквите соништа се распрснуваат како балон од сапуница кога ќе дојдат во допир со стварноста. Нешто слично им се случи и на Били и Коди, млада брачна двојка која без размислување влегува во нафтениот бизнис. Кога пристигнуваат во Северна Дакота, нив ги дочекува свет што не го очекувале – алчност, секс, пари, сурова борба за моќ.
Целиот нафтен бизнис е во рацете на еден човек, а тој се вика Хап Бригс (Дон Џонсон). Сами одлучете дали ќе навивате за ѕвездата на „Пороците на Мајами“ која ги дефинираше осумдесеттите, а сега се врати во груб каубојски имиџ, или пак за искреното момче кое го брка американскиот сон.
Понекогаш мораш да играш валкано за да се збогатиш
„Крв и нафта“ е семејна сага во која нема да видите премногу крв, но нафта има колку сакате. И тоа толку што од неа може човек валкано и безобразно да се збогати. Некои во овој град на соништата и го имаат сторено тоа, а некои би сакале тоа да го постигнат. Некои со помош на добрите врски глумат мали богови, а други тргуваат најдобро што можат со информациите што ги имаат.
Жената на Хап, која е желна за слава и за моќ, ја игра Амбер Валета, а ако во неа се загледате доволно добро, ќе може да си помислите дека Робин Рајт заминала од „Куќа од карти“ и дошла во „Крв и нафта“.
Младата брачна двојка во потрага по благосостојба ја играат Чејс Крафорд („Озборувачка“) и релативно непознатата, но талентирана актерка Ребека Ритенхаус за која сигурно уште ќе слушате.
Сапунска опера по примерот на „Далас“ и нa „Династија“
Ако ги барате предците на серијата „Крв и нафта“, лесно ќе ги најдете. Доволно е само да се присетите на две сапуници од минатото, „Династија“ и „Далас“, и на нивните гламурозни семејства кои исто така беа во нафтениот бизнис. Во „Крв и нафта“ нема толку блескави дијаманти, луксузни крзна, грандиозни заплети кои вклучуваат неколку семејства. Гламурот го заменија фармерките и каубојските шешири, но важно е дека во заднината се вртат пари. Ако пак го барате предокот во некоја серија од блиското минато, ќе го најдете во серијата „Одмазда“ (Revenge) која сѐ уште се прикажува на Pickbox и која нуди доволно мистерија и заплети за да останете залепени до екранот и по неколку часа.