Ковид-19 и сезонски грип - сличности и превенција

Ковид-19 и сезонски грип – сличности и превенција

Околу едно нешто сите сме едногласни – 2020 е година различна од оние на кои сме навикнати. Како некој со магично стапче да се обидува да го промени начинот на живот на планетата Земја. Коронавирусот претставува нов начин на живот – вирус чии карактеристики сѐ уште не се целосно познати. Како што се навикнуваме на него и наоѓаме начини за да се заштитиме, не смееме да заборавиме на уште една опасност која напаѓа за време на есенскиот и зимскиот период – сезонскиот грип.

Ковид-19 и сезонски грип - сличности и превенција

Замислете се себеси и вашите најблиски како се соочувате со сериозно боледување. А сега, замислете го истото, но наместо да боледувате од една – боледувате од две различни закани. Никој не сака такво нешто, па затоа е важно да ги научите сличностите помеѓу сезонскиот грип и Ковид-19. На тој начин ќе знаете како подобро да се заштитите од двата вируси.

Слични симптоми кај Ковид-19 и сезонски грип

Коронавирусот и сезонскиот грип се респираторни болести, што значи дека двете можат да предизвикаат сериозно оштетување на белите дробови. Разбирливо е дека голем дел од нивните симптоми се слични:

– Температура
– Кашлица
– Болки во мускулите
– Замор
– Суво грло
– Тешко дишење

Помеѓу помалку честите симптоми на Ковид-19 се вбројуваат и губењето на сетилата за мирис и вкус, вртоглавица и останато. Постојат интересни наоди за симптомите – сезонскиот грип често започнува брзо и пациентот се жали на повеќе од еден симптом, додека симптомите од коронавирусот се случуваат еден по друг, многу побавно.

Ако се сомневате дека сте болни, престанете да излегувате на состаноци. Обидете се да не го загрозувате вашето здравје, како и здравјето на вашите колеги и роднини.

Лесна инфекција?

Истражувањата се обидуваат да ја пронајдат врската помеѓу инфлуенцата и Ковид-19. Анализите од Кина покажуваат дека пациент со коронавирус заразува во просек околу 2-3 лица, додека пациент заболен од сезонски грип околу 1,272! Затоа, Ковид-19 во моментов се смета за зараза која е поопасна, но мора да се потсетиме дека овој вирус е прилично нов и потребно е уште проучување за да се знаат деталите околу него.

Фактот сепак стои дека мора да се чуваме од двете болести и да се грижиме за другите – во случај на појавување на симптоми најдобро е да избегнувате контакт со луѓе и да се заштитите себеси, роднините и пријателите. Ова особено важи за оние кои имаат влошен имунитет или болести како пневмонија, кои би можеле да ги стават во сериозна опасност.

Превенција – сличности и разлики

Многу е тешко да се заштитите себеси во целост од сезонски грип или коронавирус, но постојат начини со кои можете значително да го намалите ризикот од инфекција. Некои од нив се погодни за заштита од двете зарази:

– Контакт од далечина, без допири и блиски средби
– Совршена лична хигиена (редовно миење раце, користење на средство за дезинфицирање)
– Дополнителна лична заштита (маска, визир)

Вакцината против Ковид-19 е се’ уште во изработка, но за среќа вакцината против сезонски грип постои уште одамна. Дополнително, таа се подобрува секоја година со ажурирање на формулата за да одговори на сезонските варијации на инфлуенцата. Со примање вакцина против сезонски грип, го намалувате бројот на закани на вашето здравје. На овој начин обезбедувате и пасивна заштита за вашето семејство, ако од некоја причина тие не се вакцинирани.

Превенцијата е особено важна за луѓето со хронични болести, постарите роднини и пријатели, како и оние кои имаат послаб имунитет.

Ви посакуваме единствениот симптом кој го чувствувате да биде среќа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар