Кензо Такада и AVON со нов, неодолив мирис на позитивноста
Avon Life Colour за НЕА и НЕГО е рефлексија на мотото на легендарниот јапонски дизајнер да се живее прекрасен живот
Во несигурни и поларизирани времиња, да се остане позитивен може да се доживее како голем предизвик, но вистината е дека животот ни нуди многу повеќе од она што можеме да го согледаме. Со зголемената светска комуникациска и технолошка поврзаност, се зголемува и нашата способност за позитивно влијание врз другите и можноста обичното да го претвориме во нешто исклучително.
Инспириран од премисата да се живее прекрасен живот и од впечатливата личност на легендарниот и исклучителен моден дизајнер Кензо Такада, кој стана еден од првите јапонски модни дизајнери кој успеа да се вивне во париската модна индустрија, Avon го лансира новиот парфем Avon Life Color за НЕА и за НЕГО. Ова е вторпат компанијата и светскиот познат моден дизајнер да ги здружат силите, а првиот проект се случи во 2016та година, со лансирањето на мирисот Avon Life.
Avon Life Colour е креиран од Кензо Такада, во соработка со двајцата најдобри светски парфимеристи, Френк Воекл и Оливие Кресп. Бидејќи е воедно и талентиран сликар, Кензо Такада ги избрал состојките како да слика уметничко дело. Резултатот е воздигнувачко искуство базирано на Палетата на радоста. Главната состојка за машкиот и женскиот мирис, избрана од врвниот моден дизајнер е магнолијата, истовремено поради елегантната нота која асоцира на јасмин и нејзината бела боја, како симбол на комбинацијата на сите бои во едно. За останатите состојки, Кензо Такада заедно со искусните парфимеристи трагаа по состојки кои имаат способност да ги пренесат емоциите преку нивните бои. Затоа, три доминантни бои се во центарот на вниманието: жолта, како симбол на радоста. црвена, една од омилените бои на Кензо Такада која ја претставува убавината да се љуби. И зелената, како олицетворение на слободниот дух.
„Една од моите најголеми инспирации отсекогаш била моќта на боите. Тие се универзален јазик кој повеќето од нас инстинктивно го разбираат и имаат големо влијание врз тоа како се чувствуваме“, вели Кензо Такада. „Светот е исполнет со бои и оваа прекрасна соработка со Аvon ми дозволи да го уловам во мирис разнобојниот дух на позитивноста што е внатре во сите нас. Мирисот ја дава вибрирачката, полетна енергија што ни е исклучително потребна во денешно време.“
„Позитивната и впечатлива личност на Кензо Такада, како и неговите живописни и разнобојни колекции, кои го направија планетарно познат, беа дел од нашите најголеми инспирации за овој проект“, изјави Марина Цигарида, в.д. Национален менаџер за продажба во AVON Македонија. „Нашата главна цел е да ја пренесеме заедничката желба со Кензо Такада, а тоа е да ги исполниме животите со убавина и енергија, дозволувајќи им на мажите и жените од целиот свет да се чувствуваат исполнети, енергични и да живеат живот во потполност под сопствени услови. Многу сме возбудени со лансирањето на овој високо-квалитетен мирис и да се надеваме дека Avon Life Color им помага на многу луѓе да ја изберат разнобојната страна на животот“, додава Цигарида.
За неа: Светол и сончев ден полн со емоции
Врвни ноти: Возбудлива увертира од вкусни овошја и росни цветови кои зрачат, по кои доаѓаат сочната, вкусна круша и зрелата малината, за сензуално и топло чувство на кожата. Мирисното доживување го заокружува елегантниот розов божур и го свртува вниманието зачинет со малку зачинет и чист мошусен блесок.
Средни ноти: Срцевината на мирисот ја откриваат меките бели ливчиња на магнолијата кои ја ослободуваат позитивноста околу кадифениот ориз со шармантна и префинета елеганција.
Основни ноти: Нагласената приврзаност започнува да се открива како што мирисот се отвора кон живописните дрвни ноти. Сензуалното кедрово дрво дава интензивна, но лесна топлина.
За него: Експлозија на свежа енергија во текот на целиот ден
Врвни ноти: Свежиот и сочен лимон се мешаат со дивиот ѓумбир за да креираат освежувачка нота која расположува и создава зачинета аура што ја нагласува привлечноста на овој мирис. Магнолијата го обвива врвот на мирисот и испушта свежи, цитрусни ароми, дозволувајќи му на мирисот слободно да расцвета.
Средни ноти: Освежителниот лист на матé апсолут се вгнездува во овошниот ефект на крушата, комплетирајќи го чувството на енергична зависност. Смирувачката бела жалфија ја балансира срцевината на мирисот со својата топла арома.
Основни ноти: Смелата приврзаност започнува да се расплетува како што мирисот ја открива машката силуета на спротивставени ароми и дрвни ноти. Ветиверот лебди врз кожата со еластична, раскошна текстура. Дабовиот апсолут го изложува аспектот на заводливата интрига, алудирајќи на постојаната сексуалност.
Avon Life Colour за НЕА и Avon Life Colour за НЕГО се веќе достапни за љубителите на мириси преку Претставничката мрежа на Avon. Повеќе информации за новитетите може да се добијат овде.