Каролина Гочева: Среќна сум што ќе го приближам светскиот бренд Авон до македонските жени

Каролина Гочева: Среќна сум што ќе го приближам светскиот бренд Авон до македонските жени

Македонската ѕвезда Каролина Гочева потпиша договор за соработка со козметичката компанија Авон Македонија како нејзино заштитно лице за периодот септември 2015 – септември 2016.

1-karolina-gocheva-srekjna-sum-shto-kje-go-priblizham-svetskiot-brend-avon-do-makedonskite-zheni-kafepauza.mk

Атрактивниот супермодел Ирина Шаjк, светски познатата тенисерка Марија Шарапова и холивудската актерка Меган Фокс се само дел од глобалните ѕвезди кои се ангажирани како заштитни лица на козметичката компанија AVON, а на тоа ексклузивно семејство за првпат му се придружува и македонско познато лице – популарната пејачка Каролина Гочева.

Една од најнегуваните дами на домашната сцена и убедливо највпечатливата македонска ѕвезда, во текот на претстојната година ќе се појавува низ страниците на брошурите на AVON за македонскиот пазар. Партнерството официјално започнува со почетокот на четвртиот квартал 2015 година, а ќе трае сè до истиот период во следната година. Во споменатиот период прекрасната Каролина ќе ги стави својот потпис и препорака на неколку внимателно одбрани премиум производи и брендови од палетата на AVON.

2-karolina-gocheva-srekjna-sum-shto-kje-go-priblizham-svetskiot-brend-avon-do-makedonskite-zheni-kafepauza.mk

Во сржта на работењето на AVON е заложбата на компанијата за убавината на жената и за нејзината финансиска независност, но и посветената работа во двете добротворни кампањи. Токму во овие аспекти и Каролина Гочева ја наоѓа својата инспирација.

„Среќна сум што ќе соработувам со компанија како што е Авон Македонија и што ќе ги приближам нивните производи до македонските жени. Уште кога ги почнавме преговорите запознав успешни, професионални и креативни жени со кои е задоволство да работиш. Во мај во Полска направивме и фото-сесија за премиум-парфемот Attraction на која се чувствував како вистинска ѕвезда. Дел од фотографиите веќе беа споделени во медиумите и на социјалните мрежи, а со задоволство можам да кажам дека следуваат уште многу изненадувања и активности“ – изјави Каролина на денешната прес-конференција по што беше емитувано видео со материјали од зад сцената од сесијата во Полска.

4-karolina-gocheva-srekjna-sum-shto-kje-go-priblizham-svetskiot-brend-avon-do-makedonskite-zheni-kafepauza.mk

AVON постои 129 години во повеќе од 100 земји низ целиот свет и за оваа компанија отсекогаш било практика да соработува со познати личности од различни сфери.

„По 10 години работа во Македонија нашиот пазар е созреан за да почнеме соработка со локална ѕвезда. Слободно може да се каже дека Каролина е бренд кој таа го гради веќе 20 години. Скромна, духовита и секогаш верна на себеси и на тоа што го прави. Вистинска дама која е репрезент на приказната на Авон Македонија.. Во првата етапа Каролина ќе ги претстави премиум-парфемите кои ќе се појават во продажба во септември, а потоа и премиум брендот за декоративна козметика Luxe. Додека во 2016 година ќе следуваат уште многу изненадувања за кои сега е рано да зборуваме“ – вели Националниот менаџер на продажба на Авон Македонија, Дана Стојкова.

Стојкова истакнува дека за многумина Каролина е инспирација.

„Тоа е поради нејзиниот уникатен пристап на градење кариера врз основа на квалитетите кои ги поседува, но и во пристапот на развивање на еден софистициран женски стил. Каролина е најпрестижниот уметник во Македонија и се гордееме што е дел од нашиот тим“ – вели Националниот менаџер на Авон Македонија.

3-karolina-gocheva-srekjna-sum-shto-kje-go-priblizham-svetskiot-brend-avon-do-makedonskite-zheni-kafepauza.mk

Пејачката, која отпеа дел од најпознатите рефрени на нашата музичка сцена и компанијата која со години поставува стандарди во козметичката индустрија, најавуваат многу изненадувања.

„Ова е прва ваква голема соработка на Авон Македонија со јавна личност и нè очекува период исполнет со многу активности, настани, патувања, фото-сесии, големи кампањи. Како компанија за директна продажба, нашата брошура е и нашата најсилна продажна алатка, па токму затоа Каролина ќе се најде пред сè на нејзините страници, а понатаму секако и во дел од маркетиншките активности на AVON“ – вели Бисера Банова, специјалист за односи со јавност на Авон Македонија.

Во периодот на 2013-2014 година, компанијата потпиша договори и со неколку други познати македонски дами: модните дизајнерки Антонија Ристовска и Росица Мршиќ и стилистката Васка Леонтиќ. Нивните професионални совети и препораки се најдоа на страниците на брошурите на AVON, меѓутоа соработката со Каролина Гочева е новитет и од аспект што ова е првпат еден глобален бренд од ваков ранг да склучи договор со вистинска македонска ѕвезда на локално ниво.

5-karolina-gocheva-srekjna-sum-shto-kje-go-priblizham-svetskiot-brend-avon-do-makedonskite-zheni-kafepauza.mk

Во текот на 129-те години постоење на интернационалната компанија, голем број светски познати личности беа и сè уште се заштитни лица на линиите на овој козметички гигант. Од нив може да се издвојат: актерите Салма Хаек, Рис Витерспун, Кортни Кокс, Патрик Демпси, Жаклин Бисе, Мила Јововиќ, Оливија Вајлд, Меган Фокс и др; понатаму мегапопуларната пејачка Ферги; светски познатата тенисерка Марија Шарапова; супер-моделите Амбер Валета, Јасмин Ле Бон, како и актуелниот глобален амбасадор за убавина и топ модел, Ирина Шајк.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар