Кампари ја лансира кампањата „The Red Diaries“
Компанијата зад легендарниот италијански црвен аперитив со горко-сладок вкус, Кампари, ја лансираше својата кампања „The Red Diaries“ (Црвените дневници) во која се оживуваат на филмското платно приказните за 12 коктели раскажани од бармени ширум светот.
Кампари оваа година во својата кампања му пристапува на брендот иновативно, но без отстапки од минатите обележја како Кампари календарот. Па така, кампањата која ја прикажува инспирацијата и интригантните приказни позади коктелите се заокружува со 12 коктели како дел од Кампари календарот, зад кој стои познатиот аргентински фотограф Але Бурсет. Интересно е што овој календар нема да биде за продажба и 9.999-те испечатени копии ќе бидат поделени на пријателите на Кампари низ целиот свет.
Во листата на славни кои се вклучуваат во оваа кампања е и добитникот на Златен глобус, Клајв Овен, кој е во центарот на насловниот краток филм „Убиец во црвено“. Тој го глуми озлогласениот бармен од 1980-те Флојд. За ова, Клајв Овен ќе изјави: „Црвените дневници на Кампари е проект кој лесно го прифатив – ми се допаѓаше што е краток филм со соодветна приказна наместо реклама, но и фактот дека е режиран од Паоло Сорентино е примамлив фактор сам по себе. Мислам дека Сорентино е еден од најдобрите режисери во моментов – имагинативен визионер“.
Извршниот директор Боб Кунце-Концевич е горд на постигнатите резултати кои се заслуга на бројните професионалци кои својот посебен белег го оставија на кампањата но и на историјата на Кампари, ќе изјави тој.
„Секој коктел раскажува приказна“, ќе речат од Кампари, а вие набавете доволно кампари за ова лето и создадете ваша приказна.