Како можам да ги третирам деловите со многу сува кожа на моето бебе?

Како можам да ги третирам деловите со многу сува кожа на моето бебе?

Кожата на вашето бебе е чувствителна и склона кон сувост. Често се среќаваат многу суви и воспалени делови на кожата, особено во пределот на пелените и образите на бебето. Нежната и ефикасна нега на кожата со помош на производи за коишто клинички и дерматолошки е докажано дека делуваат добро на сувата кожа на вашето бебе, ќе ја помогне регенерацијата на кожата и ќе ја направи кожата на бебето нежна и мека.

Како можам да ги третирам деловите со многу сува кожа на моето бебе?

Кои се причините за кожата на бебето да стане сува?

Кожата работи засилено за да го заштити телото: таа создава бариера за надворешните иританси и ја одржува природната рамнотежа на влага во кожата. Кожата на бебето е потенка од кожата на возрасниот човек, а нејзината функција на природна бариера не е потполно развиена. Освен што е почувствителна и склона кон иритација, таа полесно губи влага и на тој начин е склона кон сувост.

Промените на надворешната температура, на коишто бебешката кожа е особено чувствителна, можат дополнително да ја зголемат сувоста на кожата, што води до брзо влошување на состојбата на кожата од сува до многу сува. Кога сувата кожа е пратена и со интензивен јадеж, бебето може да има атопичен дерматитис.

Делови со иритирана кожа често се појавуваат во предел на слабините и газето на бебето и обично се нарекуваат „пеленски осип“. Пеленскиот осип не е поврзан со атопичниот дерматитис (зоната е многу влажна, за да се развие) и може да има неколку различни причини за негова појава:

  • Триењето на кожата на бебето со пелената
  • Габична или бактериска инфекција: кожата на бебето реагира на содржината во пелената
  • Кожата на бебето може да реагира на материјалот од којшто е изработена пелената, на состојките во бебешките влажни марамчиња или препаратите за измивање

Како можам да ги третирам деловите со многу сува кожа на моето бебе?

Многу бебиња во текот на првите неколку недели по раѓањето страдаат од себороичен дерматитис. Тој се карактеризира со погруби и лушпести делови на кожата во пределот на скалпот или веѓите, но тие вообичаено се масни, а не суви.

Како треба да ја негувам сувата и чувствителна кожа на моето бебе?

Заштититниот мевлем за оштетена кожа Eucerin Aquaphor е специјално разработен, за да обезбеди соодветна нега за сува и иритирана бебешка кожа. Содржи само неколку состојки и нема мирис и конзерванси, што го прави идеален за чувствителна млада кожа. Тој образува нежна полуоклузивна заштитна бариера над кожата, којашто го помага природниот пренос на вода и кислород во и од кожата на бебето. Формулата содржи глицерин – ефикасна хидратантна состојка, којашто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Глицеринот дејствува заедно со пантенолот, којшто помага да се забрза оздравувањето и регенерацијата на кожата, при што истовремено и ја хидрира. Клинички и дерматолошки е докажано дека Eucerin Aquaphor формулата го помага оздравувањето на многу сувата, распукана и иритирана кожа. Тој ја негува нежната кожа на вашето бебе и ја прави мека и мазна.

Заштитниот мевлем Eucerin Aquaphor е достапен во две пакувања: 45 мл и 220 мл.

Како можам да ги третирам деловите со многу сува кожа на моето бебе?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар