Како да си го смениш денот на подобро во новите реклами на New Moment

Како да си го смениш денот на подобро во новите реклами на New Moment

Замени го понеделник во петок, седни на машки муабет и разиграј си го денот. Овие пораки се во фокусот на трите нови реклами за кафето „Паскалин“ кои ги изработи маркетинг агенцијата New Moment – New Ideas Company. Во сите три видеа се појавуваат реномираните македонски актери Никола Ристановски и Амернис Нокшиќи – Јовановска и целта е да се истакне ќеифот кој го носи секој филџан турско кафе.

Како да си го смениш денот на подобро во новите реклами на New Moment

„Кафето е голем дел од нашето секојдневие, од утрински ритуал и начин на будење до ‘ај да се видиме на кафе’ со пријателите. Сакавме да го свртиме рефлекторот кон тие наши карактеристики и да прикажеме како кафето може да ти го смени денот. Да направи да се чувствуваш подобро и да се релаксираш“ – објаснува  креативниот тим во New Moment која е идејата зад серијата реклами.

New Moment е најнаградувана маркетинг компанија во земјава и има добиено Титаниумски лав за интегрирана кампања и сребрен лав за ПР на Канскиот фестивал кој во маркетинг индустријата е еквивалент на Оскар.

1. Cafe Pascalin – Машки муабети

2. Cafe Pascalin – Понеделник

3. Cafe Pascalin – Dance


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар