Јадете црвена леќа за надокнадување дефицит на железо во крвта!
Црвената леќа е исклучителен извор на железо. Особено им се препорачува на жени во периодот на месечниот циклус, кога се изложени на дефицит на железо во крвта.
Се смета дека е далеку поздрава и од црвеното месо, затоа што за разлика од месото не содржи калории и масти. Хемоглобинот е составен дел од ензимскииот систем за производство на енергија и забрзување на метаболизмот, така што порција вкусно приготвена леќа е секогаш добра идеја.
Стабилизиран шеќер во крвта – гликемискиот индекс, мерката за влијанието од храната врз крвниот шеќер, од црвената леќа е многу низок. Едно истражување на научниците од Универзитетот во Торонто во 1988 година откри дека учесниците во студијата кои јаделе црвена леќа за вечера имале регулирано ниво на шеќер во крвта во текот на следниот ден.
Внесувањето на храна со низок гликемиски индекс резултира со домино ефект, кој трајно ја подобрува енергетската ефикасност во текот на последователните оброци. Со тек на време, вклучувајќи почесто црвена леќа во исхраната, дијабетичарите успеваат да постигнат балансираност во нивото на шеќер во крвта.