Интервју со Шон Тејл – Човекот од ТВ серијата „Корпорација“

Интервју со Шон Тејл – Човекот од ТВ серијата „Корпорација“

Продукциската куќа на Мет Дејмон и на Бен Афлек ја создаде новата научно-фантастична серија „Корпорација“ (Incorporated), драма што се одвива во црната корпоративна иднина која ја пишуваат Дејвид и Алекс Пастор („Епидемија“).

Главниот лик во приказната е Бен Ларсон (Шон Тејл), менаџер кој мора да го промени идентитетот за да навлезе во светот на корпорациите. Големите компании го промениле системот и горе-долу ги истиснале сите други играчи од светот на политиката и економијата, а Бен прави очајнички чекор за да ја спаси жената што ја љуби.

Во продолжение го читаме интервјуто со актерот Шон Тејл.

2-intervju-so-shon-tejl-chovekot-od-tv-serijata-korporacija-kafepauza.mk

Британец сте, ве гледавме во „Скинери“ и имате искуство и на британската и на американската телевизија. Која е разликата помеѓу работата во Англија и во САД?

Храната. Во Англија имате мала шведска маса на која сите чекаат во ред, а попладне добивате сендвичи. Во Америка имате постојано достапна храна, ве хранат по цел ден. Готват нонстоп. Во Англија во 17 часот добивате бисквит, ако имате среќа. Во Америка можам да кажам дека сакам јастог во три попладне. Често јадам разновидно. На крајот, секогаш тука е разликата во работата, екипите секогаш се со различна големина, енергијата е поинаква, англиските екипи се одлични. Работат прекувремено без прашање. Во Англија работите до 5 часот наутро ако треба, само добро да излезе. Имено, таму луѓето работат од љубов. Не дека Американците не работат. Работевме во Канада и таму запознав многу фини луѓе.

Дали во вистинскиот живот сте одметник или играте по правилата? Што имате заедничко со својот лик Бен од „Корпорација“?

Вистинскиот одметник би признал дека е одметник, нели? Но, поради мојата кариера, ќе се преправам дека не ги кршам правилата. Разликата помеѓу Бен и еден вистински одметник е што на тоа го присилува љубовта кон некого. Наводно, тоа го прави од вистински причини. Во реалноста сакам да се држам до правилата. Нема ништо лошо во тоа да не завршите во затвор, не би сакал да имам досие, тоа ви го прави животот полесен. Можеби затоа сум здодевен.

Со оглед на темата на серијата, имено дека корпорациите владеат со светот, дали почувствувавте нагон повеќе да се ангажирате политички? Што мислите за политиката? Можеме ли нешто да промениме ако сме повеќе ангажирани политички?

Отсекогаш сум имал страст кон политиката и интерес за глобалните проблеми. Кога бев помлад, сакав да станам адвокат, а потоа и воен дописник. Сакав да се обидам да ги разоткријам приказните, да се најдам во ситуации што се кријат од луѓето. Сакав да бидам таа личност и да помогнам. Да бидам дел од нешто поголемо од сопствената полза. Сакав да објавувам скриени податоци. Во мојата татковина, делумно сум од Венецуела, се случуваат ужаси. Никој тоа не го гледа зашто нема никој што би го прикажал тоа. Тоа навистина ме лути.

Но, мораме да земеме предвид дека телевизиската серија е сепак само телевизиска серија. Истовремено, политички станува многу актуелна и релевантна поради лудилото што владее во светот. Како учесник, ако од неа излезе нешто добро, тогаш тоа е супер. Ако можеме луѓето малку да ги освестиме за климатските промени, ако малку ги исплашиме покажувајќи им колку е мрачен светот што го создадовме, ако малку ги просветлиме за тоа како функционираат некои корпорации во вистинскиот свет, ако тоа можеме некако да го разоткриеме со нашата приказна, тогаш одлично! Но, не сакам премногу да навлегувам во политиката зашто јас сум само актер кој работи на серија. Ако од нејзе произлезе нешто добро, тогаш супер, но нема да претпоставувам дека сме способни за тоа. Тоа би било арогантно. Но, би било прекрасно кога би влијаеле на некои промени.

1-intervju-so-shon-tejl-chovekot-od-tv-serijata-korporacija-kafepauza.mk

Мислам дека телевизиската серија може да донесе промени, но можеби сум само луд.

И јас така мислам, но не сакам да бидам актерот што го зборува тоа.

Во серијата видовме прекрасни уреди, автомобили, ајподи… Кој е вашиот омилен уред во серијата?

Имаме многу одлични уреди. Има и еден што го правам подоцна во серијата. Тоа е уред во облик на кацига што чита мисли кога ќе ја приклучите на визуелниот кортекс на човечкиот мозок. Ми овозможува да ги извлечам податоците без нивно знаење и без потреба за мачење. Таквиот уред всушност е во развој и тоа е уште еден начин на којшто серијата е реалистична, такво нешто навистина би можело да се случи. Но, тој уред ми се допаѓа поради влијанието што го има врз приказната, затоа што целата работа ја превртува наопаку. Има одлични сцени со тој уред.

Инаку, која е вашата омилена телевизиска серија? Дали воопшто гледате телевизиски серии?

Гледам телевизија, но многу помалку отколку што би сакал. Има многу извонредни телевизиски серии. „Планетата Земја“ ми е една од омилените, прекрасно е снимена, а Дејвид Атенбороу очигледно е генијален. Ја сакам и „Канцеларија“.

Која верзија повеќе ја сакате, британската или американската?

За чудо, ми се допаднаа и двете. Многу се различни, но воедно и слични. Мислам дека англиската „Канцеларија“ е една од најдобрите комедии во историјата. Таа е една од оние серии што најмногу изненадуваат. Особено ако се земе предвид дека е навистина одамна снимена, а луѓето оттогаш постојано се обидуваат да ја имитираат. И „Црно огледало“ е неверојатна.

Ја гледавте третата сезона?

Да, во неа играат неколкумина од моите пријатели. Мислам дека снимаа и на нашиот сет во Торонто. Снимаат во студиото на „Корпорација“, да. Затоа можеби ќе видите нешто од нашата серија во неа.

Дали авторите на серијата, Мет Дејмон и Бен Афлек, помогнаа околу подготовките?

Многу сме среќни што ги имаме, неверојатни раскажувачи се. Супер ја водат серијата, иако не можат да бидат постојано на сетот, но им дадоа многу доверба на луѓето под себе. Знам дека ги гледаат епизодите и дека ја одобриле поделбата на улогите. Бен ја изгледа пилот-серијата и ги даде своите забелешки за монтажата. Вклучени се и ни дадоа многу комплименти. Не нѐ контролираат, но истовремено се и присутни, што е прекрасно.

Имате ли некаква анегдота од снимањето што можете да ја споделите со нас?

Прекрасно се забавував. Не е баш лесно да се носи троделен костум. Мислам дека целото снимање го поминав влажен, постојано се потев. Бев покриен или со прав и земја, или со крв и пот. Секој ден на работа! Затоа, ако ве интересира какво беше моето искуство, беше многу валкано! Шест месеци се туширав трипати на ден. Бев леплив половина година.


„Корпорација“ својата ексклузивна премиера ја доживеja на Pickbox на 1 декември. Не пропуштајте ја една од најдобрите серии оваа зима и веднаш активирајте го Pickbox.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар