Иновативен производ на Виталиа го освојува кинескиот пазар

Иновативен производ на Виталиа го освојува кинескиот пазар

Најновата колагенска линија на Виталиа е избрана меѓу неколкуте најиновативни производи во конкуренција со продукти од целиот свет кои ќе се претстават на меѓународниот саем SIAL во Шангај, Кина.

Иновативен производ на Виталиа го освојува кинескиот пазар

Овој реномиран македонски бренд за здрава храна ќе ги изложи своите иновации на специјален штанд во склоп на саемот и официјално на 14ти мај оваа година.

Со самиот овој избор Виталиа истовремено се здобива со признанието SIAL INNOVATION SELECTION 2019 чие лого може да го аплицира на своите производи и промотивни материјали, а кое понатаму го олеснува пласманот на самиот производ на кинескиот пазар.

Колагенската линија е најновата иновација на Виталиа која набргу по светската промоција во Шангај ќе биде промовирана и на саемот PLMA Амстердам, а потоа достапна и за потрошувачите во Македонија и останатите 55 земји во кои извезува компанијата.

Линијата се состои од продукти од колаген, инстант колаген, мусли со колаген и оризови каши со колаген, нов тренд во функционалната здрава исхрана. Ова е огромно признание за македонската компанија за здрава храна Виталиа, потврда за сите напори и заложби да креира иновативни здрави производи според потребите на модерните потрошувачи.

Саемот SIAL Шангај е исклучиво важен настан на кој се претставуваат иновациите во прехранбената индустрија, а компаниите имаат можност да се презентираат пред милионска публика и претставници од најголемите компании од сите земји во светот, да разменат идеи и да ги следат новите светски трендови. Но најважно од се е да се зајакнат постоечките и да се остварат нови познанства кои ќе помогнат овој македонски бренд уште повеќе да расте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар