Инфрацрвена сауна долгорочна инвестиција во здравје и благосостојба на организмот!
Посетата на сауна има многу придобивки за нашиот организам. Освен што го чисти телото од токсини и нè ослободува од стресот, одењето во сауна го намалува високиот крвен притисок и ризикот од срцеви заболувања. Во последно време експертите посебно ја препорачуваат инфрацрвената сауна која овозможува длабинска детоксикацијата на телото и кожата како резултат на длабокиот топлински ефект и загревањето на ткивата, предизвикани од инфрацрвената топлина која ја емитуваат Harvia Infrared грејачите.
Инфрацрвената топлина продира длабоко и овозможува темелно чистење на телото и исфрлање на токсини како тешки метали, алкохол, никотин, холестерол, вишок на минерали и млечна киселина. Потта која се лачи при потење во инфрацрвена сауна, содржи до 17% токсини.
Инфрацрвената сауна има пониска температура до 50 степени, за разлика од класичната Финска сауна каде температурата е од 70-90 степени, што е особено погодна за оние кои не поднесуваат високи температури од 80-90 Ц, а сепак сакаат да ги доживеат ефектите од сауната.
Доста е практична, бидејќи инстантно се загрева, и може да се вгради во било кој празен простор во домот/ соба / дневна / спална/ купатило / подрум, а предизвикува многу мала потрошувачка на струја. Нема потреба ни од плочки ни од вода, само обичен кабел монофазна струја. Може да се вгради и во рамки на постоечка Финска сауна…
Дополнителни бенефити:
- Претставува ефикасен начин за лечење на грчеви и вкочанети зглобови
- Научно докажано намалување на крвниот притисок, подобрување на циркулацијата.
- Помага при топење на масни наслаги и намалување на телесната тежина
- Помага при намалување на целулитот
- Претставува ефикасен начин за трошење на калории (до 600kcal со една терапија)
- Генерално ја подобрува благостојбата на организмот и здравјето.
- Ги стимулира мозочните клетки и лачењето на ендорфин (хормон за добро расположение)
- Помага при отстранување на белези, изгореници, егземи и сл.
Инфрацрвената сауна Harvia дефинитивно претставува долгорочна инвестиција во здравјето и благосотојбата на организмот. А за брза, квалитетна и ефикасна изведба секако ја препорачуваме Пирин Експорт Скопје, компанија со традиција од 30 години, во проектирање и изведување Фински, инфрацрвени, Хималајски и комбинирани сауни со димензии и карактеристики по избор и желба на клиентот, во кој било празен простор.