Инфекции на уринарниот тракт – 5 митови кои треба да се разбијат
Справувањето со инфекција на уринарниот тракт не е лесно. Особено за жените кои се склони кон инфекции што често се повторуваат. Сите ќе се согласиме дека непријатност во пределот на бешиката и честа посета на тоалет може да ни го направат животот пекол. Иако инфекцијата на уринарниот тракт е една од најчестите инфекции во светот, сепак се покажува дека постојат многу митови и погрешни насоки за третман на истата.
Пред да ги посочиме и отфрлиме овие митови, ќе зборуваме малку повеќе за уринарните инфекции.
Што значи „инфекција на уринарниот тракт“?
Инфекцијата на уринарниот тракт влијае на органите на уринарниот тракт. Во оваа група на органи спаѓаат: уретрата, бубрезите и мочниот меур. Најчестата инфекција која се појавува се нарекува циститис. Оваа инфекција вообичаено е предизвикана од бактерии кои влегуваат во уринарниот тракт и допринесуваат да се развие воспаление
Состојбата се карактеризира со следните симптоми.
- Чувство на болка во пределот на долната карлица
- Чест нагон за мокрење
- Болка и непријатност при мокрење
- Понекогаш траги од крв во урината
Време е да ги детектираме митовите!
Мит 1 – Инфекцијата на уринарниот тракт е слична на габична инфекција
Всушност, не е така… Инфекцијата на уринарниот тракт и габичната инфекција се два сосема различни проблеми, меѓутоа поради сличноста помеѓу симптомите често се случува погрешно детектирање. Инфекцијата на уринарниот тракт се активира со инвазија на бактерии во уринарниот тракт. Од друга страна, габичната инфекција е резултат на акумулација на габа на кожата и слузокожата. Добро е да се направи разлика помеѓу овие две инфекции, бидејќи нивното лекување бара различен пристап и лекови. Доколку лекувањето е несоодветно може да допринесе до дополнително комплицирање на состојбата.
Мит 2 – Инфекцијата на уринарниот тракт е проблем на жената
Уште еден мит! Мажите, како и жените, имаат бубрези, уретра и мочен меур, па ни тие не се имуни на ваква инфекција. Сепак, зачестеноста на уринарните инфекции кај нив е релативно помала од онаа кај жените. Причината е што уретрата кај жените е пократка, што го олеснува навлегувањето на бактериите во уринарниот тракт. Мажите имаат подолг уретра, што значи дека бактериите треба да поминат подолго растојание за да предизвикаат инфекција.
Мит 3 – Луѓето со чести инфекции на уринарниот тракт треба да се воздржат од сексуални односи
Несомнено, некои жени се прилично склони да развијат уринарна инфекција по сексуалниот однос. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од сексот. Прво, инфекцијата на уринарниот тракт не е сексуално пренослива, туку е инфекција предизвикана од бактерии кои случајно влегуваат во уринарниот тракт. И второ, сексуалниот чин воопшто не е задолжителен и единствен начин да се развие таква инфекција. Дури и децата и постарите лица можат да добијат ваква инфекција. Не треба да го жртвувате вашиот сексуален живот и лесно можете да се справите со проблемот со мокрење пред и после секс. Урината ќе ги отстрани бактериите од уретрата и мочниот меур и ќе ве спаси од непријатните симптоми.
Мит 4 – Инфекцијата на уринарниот тракт може да се лекува само со антибиотици
Истражувањата покажаа дека 25-42% од жените се способни да се опорават од некомплицирана ИУТ без антибиотици. Ова е одлична вест бидејќи лекувањето на инфекции на уринарниот тракт може да биде комплицирано. Приближно 20-30% од жените имаат повторливи уринарни инфекции, а честата употреба на антибиотици може да доведе до т.н. отпорност на антибиотици. Тоа значи дека антибиотикот кој претходно одлично делувал на проблемот ја губи својата ефикасност.
Затоа, пред да продолжите со антибиотскиот третман, при првите симптоми започнете со земање на фитопрепарати на база на екстракти со докажана ефикасност. Добро познат токму за таа намена е екстрактот од брусница, кој има својство да ги спречува бактериите да се закачат на ѕидовите на уретрата и мочниот меур, спречувајќи развој на инфекција.
Добро е да им верувате на производите кои содржат комбинација од повеќе состојки, за ефектот од нивната употреба да биде позабележителен и побрз. Таков е производот Bucconox, кој освен брусница содржи екстракти од уште три високо ефективни растенија – бучу, бела бреза и мечкино грозје. Бучу е јужноафриканско растение надалеку познато по своите антивоспалителни и антибактериски својства. Покрај тоа, Бучу бил регистриран во Британската фармакопеја уште во 1821 година како ефикасен лек за циститис, уретритис (воспаление на уринарниот тракт) и нефритис (воспаление на бубрезите). Неколку години подоцна – уште во далечната 1847 година, билката им била претставена на американските лекари како универзален лек за терапија на бубрежни заболувања, благодарение на нејзините својства како природен диуретик. Друга состојка што го поддржува диуретичниот ефект е екстрактот од листови од бела бреза, кој исто така има силно антиинфламаторно дејство. Лекот што го користат нашите баби за третман на циститис – мечкино грозје, е одличен и за превенција и третман на повторливи уринарни инфекции и рекурентен циститис.
Мит 5 – Инфекцијата на уринарниот тракт се јавува со лоша хигиена
Мит?! Да! Се разбира, секогаш се препорачува добра хигиена, но инфекција на уринарниот тракт може да ве нападне под секакви околности. Ова е нашиот совет: – внимавајте! Претераната употреба на средства за капење не помага да се спречи уринарна инфекција. Уште повеќе, може да ја намали вашата pH вредност и да ја наруши бактериската рамнотежа во вашата интимна зона. Затоа – не претерувајте!
Инфекцијата е полесна за справување кога сме запознаени со митовите и заблудите поврзани со неа. Сепак, бидете внимателни – доколку симптомите не се смират во рок од два дена, консултирајте се со лекар. Доколку не се лекува правилно, инфекцијата на уринарниот тракт може да доведе до компликации и да ви предизвика повеќе проблеми.