И супержените понекогаш мора да помислат на себеси

И супержените понекогаш мора да помислат на себеси

Мајка, сопруга и жена со кариера се само дел од улогите што повеќето припаднички на понежниот пол ги имаат секој ден од својот живот. Често ги нарекуваат „најдобрите жонглери на светот“ затоа што маневрираат со повеќе обврски и мултитаскингот им е вообичаена работа. Но, растргнати на повеќе страни, припадничките на понежниот пол најмногу го чувствуваат и стресот на модерното живеење. Сепак, постојат неколку работи кои помагаат при ослободување од притисокот, a една од најважните е – престанете да се обидувате да бидете супержени. Побарајте помош кога ви е потребна, одморете кога можете и понекогаш пуштете ги конците од раце. Не можете да имате апсолутна контрола врз работите и случувањата околу вас.

i-superzhenite-ponekogash-mora-da-pomislat-na-sebesi-kafepauza.mk

Компанијата AVON, во најголем дел, е составена од жени кои се успешни во својата професија, но имаат и динамичен приватен живот. Тие се на највисоките лидерски позиции, а воедно се и мајки и сопруги. Првото правило кое го издвојуваат од сопственото искуство е дека секоја жена треба во извесен момент да научи да каже „Не“, особено во ситуации кога чувствува преголем притисок врз себе. Вториот совет е обврските да се завршуваат една по една и мудро да се планира времето.

Креирајте листа на работи кои мора да ги направите во тек на денот и почнете со првата обврска. Така ќе имате позитивно чувство секогаш кога ќе завршите нешто и ќе преминете на следната точка. Важен дел од соочувањето со стресот е и вежбањето, а пожелно е да имате и хоби. Воедно, доколку нешто ве мачи, не затворајте се во себе, туку зборувајте со пријателите или со партнерот. Последен, но не и најмалку важен совет е да бидете флексибилни, што значи дека не треба да очекувате сè да оди по вашиот план. Понекогаш опуштете се и прифатете ја непредвидливоста на секојдневието.

Автор: Azhdaja


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар