Хуманитарна аукција за Сашка Робев
Утре во Дом на АРМ, во 20 часот ќе биде отворена хуманитарна аукција, од која средствата ќе бидат наменети за лекување на Александра – Сашка Робев, која боледува од Adenocarcinoma pancreatic или малигна неоплазма на панкреасот.
Аукцијата ја организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), а е поддржана од Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, винарија „Темов“ и Европски универзитет.
Уметничките дела од еминентни македонски уметници ќе бидат изложени за посетителите и наддавањето за нив ќе биде во износ од 600 денари, од почетната цена за секое дело. Собраните средства од продадените уметнички дела – слики, графики, цртежи и скулптури, ќе бидат наменети за понатамошното лекување на Робев.
Сашка, сопруга и мајка на две деца, е ликовен уметник кој долги години работи како графички дизајнер. По констатирањето на нејзината болест, извршени се бројни третмани по кои е утврдено дека е потребен посебен третман за пациенти заболени од канцер во клиника во Берлин кој треба да ја подобри нејзината здравствена состојба.