Гранд кафе ја додели првата главна награда од пола милион денари
Продолжува наградната игра на Гранд кафе „Отвори и кеш освој“
Полека но сигурно вредните награди си ги пронаоѓаат своите среќни добитници. Па така денес во просториите на Гранд кафе беше доделена првата главна награда од пола милион денари која отпатува во семејството Шулески.
„Возбудата е преголема, никогаш не сум ни помислила дека среќата можам да ја пронајдам во пакувањето на Гранд кафе Голд, кое вообичаено и редовно го имаме во нашиот дом. Ова е доказ дека среќата навистина лежи во малите секојдневи работи, само треба широко да ги отворите очите за таа да ви се насмевне. Би сакала да ги охрабрам сите љубители на ова кафе да се вклучат во наградната игра и да не ја губат вербата дека токму тие може да се следните среќни добитници“, изјави првата сопственичка на пола милион денари, г-ѓата Билјана Шулеска од село Мислешево, Струга.
Досега се доделени вкупно 11 награди од 50.000 денари и повеќе од 700 трговски награди, а преостануваат уште многу награди кои ги чекаат своите добитници.
„Подарувањето е најубавиот дел од нашата работа. Ова е можнопст кога и одблизу можеме да се запознаеме со нашите ценети потрошувачи да ги израдуваме со вредни награди и барем малку да внесме свежина и среќа во нивните домови. Оваа голема наградна игра ќе трае до 31 јануари 2018 година, и Гранд кафе ќе израдува 3.033 корисници со вредни парични и трговски награди, а тројца најсреќни љубители на Гранд кафето ќе освојат дури пола милион денари. После Биљана Шулевска преостануваат уште две главни награди, па затоа ги повикуваме љубителите на нашето кафе убаво да ја погледнат внатрешноста на кесичката бидејќи можеби баш тие се среќните добитници“, велат од Гранд кафе.
Добитните пакувања се однесуваат на Гранд Арома и Гранд Голд, а за повеќе информации во врска со наградната игра и извлекувањата можете да добиете на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/grandkafa.