Голема роденденска фешта во Скопје сити мол

Голема роденденска фешта во Скопје сити мол

Скопје сити мол за прв пат ги отвори своите врати за потрошувачите на 4 октомври 2012 година и за кратко време успеа да стане актуелно собиралиште што ја редефинира колективната градска  забавна и шопинг содржина, урбано обележје што понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше во мирување.

Голема роденденска фешта во Скопје сити мол

Од 1 до 4 октомври, Скопје сити мол ќе го прославува својот четврти роденден и ќе обезбеди доживувања вредни за паметење, со големи попусти во локалите, многу музика и настапи, подароци, бесплатни коктели и слатки, жонглери, артисти, музика од гаражни бендови и диџеи, како и шопинг до 70% попуст на одредени производи во одредени продавници.

На 1 октомври во рамките на традиционалниот настан „Ем умеам, ем можам“ кој веќе 4 години по ред се одржува во Скопје сити мол ќе може да уживате во детска програма и изложувачи од разни производствени капацитети, а вечерта е резервирана за настап на хрватската поп-атракција Данијела Мартиновиќ од 20.30 часот. Нејзе ѝ претходат со свој настап култните Нокаут од 18.30 часот, но авантурата низ продавниците и угостителски објекти продолжува до 24 часот, приклучувајќи се на градскиот настан „Бела ноќ“.

За најмалите се организирани креативни работилници за цртање на керамика и изработка на уникатни предмети и украси во кои ќе уживаат и ќе ги развиваат своите вештини и таленти водени од врни ментори за уметност и работа со деца. Работилниците ќе се одвиваат во игротеката Имагинариум, каде сите 4 дена влезницата ќе изнесува симболични 100 денари. Децата ќе можат заедно со своите другарчиња да бојат на џиновски цртеж со површина од 4 м2 кој подоцна ќе биде изложен во молот.

Дополнително Скопје сити мол организира избор на лице за насловна страна на зимското издание на City Mall магазинот од посетителите кои ќе бидат на 1-ви во Скопје сити мол. Победникот на овој избор освен што ќе ја краси насловната страница, ќе добие и многу вредни подароци во кои ќе ужива во текот на целата година.

Вечерта на 1 октомври ќе се одржи и финалето од квалификациониот турнир во боулинг за избор на претставник на Македонија на 52 QubicaAMF Bowling World Cup, што оваа година ќе се одржи во Шангај, Кина во периодот од 14 – 23 октомври. Квалификации веќе втора година по ред се во организација на клубот „БО БОУЛИНГ“ (Bo Bowling).

„Сите знаеме дека денешните потрошувачи се многу активни, информирани, точно знаат што сакаат и каков квалитет на услугата и на производот ги задоволува. Скопје сити мол овие четири години ги следи сите глобални достигнувања во контекст на стандардите, квалитетот на услугата, интеракција со потрошувачите и затоа веруваме дека и во овие четири роденденски денови ќе имаме многу задоволни потрошувачи. Ги поканувам сите што имаат афинитети кон модната индустрија и сакаат да се најдат на насловната страница на зимското издание на City Mall магазинот да дојдат и да се фотографираат. Можеби ова ќе им го овозможи тригерот што им недостасува и еден ден ќе се вивнат далеку во модниот свет“, изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје сити мол.

Скопје сити мол одново потврдува дека е најмаркантен градски симбол и урбан топоним, едно од моќните модни жаришта што ја поддржува и ја унапредува таа позната скопска потреба од  „живеење со многу салтанати“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар