Гледај „Црни едра“ и научи како да бидеш вистински пират
Без разлика дали се сурови разбојници или не, сите сакаме да слушаме за пиратските авантури на море, за закопаното богатство, за папагалите на рамената на брадестите пирати кои гледаат кон отвореното море, за нивните куки и за румот. Овие вешти морнари биле ограбувачи на бродови и од тоа живееле и често можеле да се видат спружени помеѓу буриња со рум, а на море биле страв и трепет. Сите кои го сакаа „Пиратите од Карибите“ сигурно ќе бидат луди и по серијата Црни едра (Black Sails) која тукушто пристигна на Pickbox, а воедно можат и да се присетат на сите оние работи што еден вистински пират го разликуваат од обичниот човек.
Превез преку окото
Штом ќе помислиме на пирати, прво што веројатно ни паѓа на ум е превезот преку едното око. Тоа не е затоа што пиратите постојано се тепале и губеле очи во текот на битките, туку затоа што едното око им служело за престој на светлина, а окото под превезот било резервирано за мрак. Затоа што, кога си пират, немаш време да чекаш 20 минути окото да ти се привикне на светлината или на мракот. Пристигнуваат непријателските бродови, сѐ треба да видиш на време, да излезеш на палубата, па да се враќаш во внатрешноста на бродот… Без гајле, ако сакаш да бидеш пират (не од оние на интернет, туку вистински), можеш истовремено да имаш и око и превез.
Шише со рум
Како модерен човек во градот, најверојатно за починка и дружење со пријателите ќе избереш пиво, вино или чашка ракија, но ако си пират, изборот за пијачка сигурно ќе ти биде рум. Румот во златната ера на пиратството многу се произведувал на Карибите, а пиратите го имале во изобилство, бил евтин за правење, а морнарите ги греел за време на нивните морски авантури. Ако сакаш да се чувствуваш како вистински пират, не се колебај, туку стави си една чашка од овој карипски еликсир на младоста.
Папагал на рамото
Иако во Островот со богатството папагалката-милениче на Џон Силвер му седеше на рамото, вистинските пирати најверојатно не чувале папагали како миленичиња. Поверојатна е приказната дека понекогаш во своите грабежи доаѓале и до овие шарени птици и потоа ги препродавале. А птицата што зборува сигурно ги развеселувала на долгите, морски патувања кога немало друга разонода.
Брада
Брадата е неизоставен моден детаљ на денешните мажи, но тие за жал (или за среќа) не се пирати. Нивните бради се чисти, средени, па дури и исчешлани, додека пиратските сепак биле малку поинакви. Кога човек со месеци живее на море, често пати недоволно најаден и измачуван од прашањето дали набргу нешто ќе ограби, сигурно нема елан да си ја средува брадата. Така што, пиратските бради сакаме да ги гледаме, но не би било препорачливо да ги допираме.
Кука
Со оглед на природата на нивната работа и количината на насилство која била секојдневие на пиратите, нема сомнеж дека губеле раце и нозе во битките. Дури е веројатно дека и тежок пад на палубата за време на турбулентно невреме можел да предизвика загуба на некој од екстремитетите. Но, најверојатно е дека баш и немало пирати со куки или со дрвени нозе, и тоа затоа што како такви биле помалку корисни за битките отколку луѓето кои имале по две раце и нозе.
Најголемите пиратски заблуди
- Повеќето пирати не се занимавале со пиратската работа затоа што сакале, туку затоа што животните услови како морнари им биле ужасни, па спас наоѓале во пиратството.
- Пиратите баш и не го закопувале своето богатство и не го означувале местото на картите, туку го користеле или го препродавале тоа што го краделе.
- Ако чесен морнар на море здогледал брод на кој се вее црно знаме, тоа обично не значело дека си во неволја, туку дека пиратите се подготвени да преговараат. Проблемот бил ако на бродот имало црвено знаме Ja Jolie Rouge, од кое настанала англиската варијанта „Џоли Роџерс“. Тоа тогаш значело дека борбата ќе биде жестока.
- Иако пиратите многу сакале злато и сребро, повеќе од тоа сакале да ограбуваат резерви на храна, сапун и други корисни работи што им биле потребни во секојдневниот живот.
Кои се вистинските, а кои измислените пирати
Освен книгите и пиратските дневници, моментално најскапоцен извор на информации за златната ера на пиратството е серијата „Црни едра“. Настаните се одвиваат дваесет години пред „Островот со богатството“ на Стивенсон, а најмоќните помеѓу пиратите водат битка за превласт врз стратегиското трговско средиште Насау на Бахамите. Во серијата ги следиме пиратите кои навистина постоеле (Чарлс Ванс, Ен Бони, Џек Рекам, Нед Лу и други), но тука се и измислениот капетан Флинт и Џон Силвер од „Островот со богатството“. Ако сакаш да гледаш битки, оваа серија ќе ти овозможи доволно такви сцени, но акцентот е и на меѓучовечките односи и личните препирки помеѓу најмоќните пирати. Гледај веднаш на Pickbox.