EucerinELASTICITY+FILLER – Последен научен новитет за нега на кожата

EucerinELASTICITY+FILLER – Последен научен новитет за нега на кожата

За ефективна нега на возрасната кожа по 50-тата година

Еуцерин ја дополни колекцијата за нега на возрасна кожа со производите Eucerin ELASTICITY+FILLER.

1-eucerinelasticityfiller-posleden-nauchen-novitet-za-nega-na-kozhata-kafepauza.mk

„Одделот за истражување и развој на Еуцерин постојано работи на унапредување на технологијата за борба против стареење на кожата и своите иновации овој пат ги имплементира во новата линија за нега на возрасна кожа Elasticity+Filler, која се состои од дневна, ноќна крема и масло за нега на кожа на лице, врат и деколте, наменети за нега на возрасна кожа после 50тата година“, изјави пред претставниците од медиумите д-р Соња Петрушеска, стручен медицински соработник на Баерсдорф за Македонија.

„После 50-тата година, освен постепеното истенчување на кожата заради намалената количина на еластин, колаген, масно ткиво и др.градбени состојки, доаѓа и до видно намалување на активноста на лојните жлезди, намалување на имунитетот и отпорноста кон УВ-те зраци, нарушување на микроциркулацијата на кожата. Резултат на тоа е посува и помалку еластична кожа на која брчките се сѐ подлабоки и која постепено го губи и природниот здрав сјај. Кај дел од луѓето како последица на претходно наведените промени на кожата, се јавува и видливо црвенило во предел на лицето. Потребите од негата на оваа кожа секако се големи. Производите од новата линија на Еуцерин – Elasticity+Filler се адаптирани за соодветна нега за кожа на оваа возраст. Со оваа нега ќе делуваме на враќањето на сјајот и убавиот тен на кожата, на еластичноста и тонусот на кожата и намалувањето на брчките“, додаде д-р Петрушеска.

2-eucerinelasticityfiller-posleden-nauchen-novitet-za-nega-na-kozhata-kafepauza.mk

Станува збор за производи кои имаат уникатна комбинација на активни состојки. Хијалуронската киселина видно и брзо ги пополнува брчките, арктиинот делува стимулативно на синтезата на колаген во кожата со што го враќа тонусот на кожата, а силимаринот ја подобрува микроциркулацијата и води кон подобра еластичност и сјај на кожата, а се намалува и црвенилото на лицето кое е резултат на зголемената чувствителност на кожата кон УВ-те зраци заради истенченост на кожата. Освен овие 3 активни состојки, во производите од линијата Elasticity+Filler има и арганово масло кое ја потхранува кожата во текот на ноќта. Тоа заедно со витаминот Е делува антиоксидантно, борејќи се ефикасно со слободните радикалите кои ја оштетуваат кожата.

Elasticity+Filler кремот за дневна нега исто така, содржи и SPF15 со УВ филтер за дополнителна заштита од сончевите зраци, кои ги продлабочуваат брчките и го забрзуваат процесот на стареење на кожата.

0-eucerinelasticityfiller-posleden-nauchen-novitet-za-nega-na-kozhata-kafepauza.mk

Бројните клинички студии ја докажуваат ефикасноста на Elasticity+Filler производите во борбата против знаците на стареење и целосно ги задоволуваат потребите за нега на возрасната кожа. Затоа, искористете ги последните новитети од науката и уживајте во својата кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар