Eucerin® Volume-Filler Концентрат – Концентрирана трикратна моќ против губење на волуменот и тонусот на кожата на лицето
Новиот Eucerin® Volume-Filler концентрат е со висока концентрација на магнолол, олигопептиди и хијалуронска киселина, кои го поддржуваат подобрувањето на волуменот и тонусот на кожата како дел од грижата против стареењето -овозможувајќи подмладени и редефинирани лицеви контури.
Концентратите се комплетно во мода – тие се дури четвртиот најчесто употребуван производ против стареење: „Концентратите и серумите имаат многу лесна текстура, а тоа им дозволува оптимално да пенетрираат во кожата и да имаат поголем ефект. Високата концентрација на активно состојки им дозволува да дејствуваат многу поинтензивно,“ вели др. Андреа Шулерман, клинички советник во DermoCosmetics Eucerin®. „Кога ги нанесувате на добро исчистена кожа, регенeративните својства се подобрени,“ изјави др. Андреа Шулерман. Како резултат на тоа, концентратите станаа речиси неопходни во борбата против стареењето и нега на кожата, па повеќето жени се постојано во потрага по производи кои ќе можат ефикасно да се справат со знаците на стареење.
Стареењето на кожата има многу лица: со зголемување на возраста, жените често се жалат не само на брчките, туку и дека изгледаат „уморно”, „под стрес“ или „тажно“. „Причината а тие промени не се само брчките, но и губењето на волуменот и тонусот на кожата на лицето. Колку повеќе волумен има лицето – толку пополни јагодици, а со тоа и позитивен и младешки израз на лицето. Така, во тесна соработка со дерматолозите, ние ги развивме Eucerin® Volume-Filler производите кои ефикасно ги враќаат волуменот и тонусот на лицето”, вели д-р Андреа Шулерман.
*Source: GFK Switzerland – Beauty care women, Europe, February 2013
Концентратите тројно повеќе го враќаат волуменот на лицето
За младешки изглед, со подобрување на волуменот и тонусот на кожата, експертот за нега на кожа Eucerin® сега ја прошири Eucerin® Volume-Filler колекцијата со Eucerin® Volume-Filler Концентрат. Формулата ефикасно го обновува изгубениот волумен и ги редефинира контурите на лицето; трите високо концентрирани активни состојки делуваат врз различните слоеви на кожата. Магнололот се добива од листовите на магнолијата и има својство да го зголеми бројот и големината на клетките кои го даваат волуменот на кожата. Олигопептидите го стимулираат создавањето на колаген во епидермисот, го подобруваат метаболизмот на кожата и ги реанимираат внатрешните процеси помеѓу клетките во кожата, кои се карактеристични за помладата кожа. Хијалуронската киселина обезбедува интензивна хидратација на рожнатиот слој на кожата, со што моментно се намалува сувоста, која е основна причина за појавата на првите брчки.
Редоследот на заштита е од суштинско значење за оптимален ефект
„Кога се користат серуми и концентрати, мора да се има предвид редоследот на негата,“ објаснува д-р Андреа Шулерман. „Првиот чекор е секогаш правилно да го исчистиме лицето, а потоа со нежна масажа се нанесува концентратот, се додека целосно да се апсорбира во кожата. Исто така, важно е грижата која следи секогаш да е прилагодена на индивидуалниот тип на кожа и таа да се користи како додаток на концентратот. Причина: серумите и концентратите не содржат голема количина на липиди, кои се исклучително важни за заштита на кожата од сушење и од влијанијата на животната средина,“ вели д-р Андреа Шулерман. „Освен тоа, дополнителната дневна нега треба да содржи и заштитен фактор од сонце кон УВА и УВБ зраците, што дополнително го спречува предвременото стареење на кожата”, додава таа. Затоа, ако концентратот се применува во утринските часови, Eucerin® Volume-Filler Дневниот крем се препорачува како дополнителна заштита. Кога се користи во текот на ноќта, Eucerin® Volume-Filler Ноќниот крем ќе биде негата која следи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.