Еуцерин лансира високо иновативна колекција „Анти-пигмент“ за нега на кожа склона кон хиперпигментација
За поизедначена и посветла кожа
По 10-годишно истражување, Баерсдорф разви нова активна состојка, Тиамидол, која се бори против хиперпигментацијата во самиот корен. Резултат е иновативната колекција Еуцерин „Анти-пигмент“. Клиничките тестирања ги покажаа првите видливи резултати при намалување на темните дамки по само две недели, кожата изгледа поизедначена и посветла.
Изложеноста на сонце, стареење или хормонални промени се главните фактори за појава на хиперпигментација. Сите типови на кожа можат да бидат подложни на хиперпигментација, состојба при која се појавуваат темни дамки и флеки, првенствено на лицето, дланките и надлактиците, и која може да предизвика значајни непријатности.
„Без разлика кого погодува, главната причина за хиперпигментација е секогаш истата: зголемено лачење на меланин“, објаснува д-р Лугер Колбе, шеф на Катедрата за Фотобиологија во Баерсдорф. „Меланинот служи за природна заштита против УВ сончевите зраци. Но, доколку се произведе премногу меланин и тој е нееднакво распределен, се развиваат видливи пигментирани дамки: кои ги нарекуваме хиперпигментација.“
Нова состојка која делува во коренот на појавата на хиперпигментација
Активната состојка на новата „Анти-пигмент“ колекција на Еуцерин, тиамидол, го решава проблемот во корен со тоа што го редуцира лачењето на меланин на кожата. Од 50.000 тестирани супстанци во лабораториите на Баерсдорф во текот на изминатите 10 години истражување и развој, тиамидол се покажа како најефективна и најсилна состојка. За време на 3-месечното клиничко тестирање, испитаниците со хиперпигментација ги видоа првите резултати по само две недели нанесување, со континуирано подобрување на состојбата видливо во текот на наредните 12 недели.
Со цел да се постигнат најдобрите можни резултати, Еуцерин „Анти-пигмент“ треба да се употребува редовно. Сите производи се докажано ефективни и во исто време лесни за користење. Со секојдневна употреба, ефектите континуирано се подобруваат. Производите кои содржат тиамидол можат да бидат употребувани максимум 4 пати на ден.