Eucerin® In-Shower Body Lotion за чувствителна кожа – ја зајакнува кожната бариера уште пред да излезете од тушот
Новиот Eucerin® In-Shower Body Lotion со 5% декспантенол се користи уште додека сте во тушот веднаш откако ќе се избањате и исплакнете. Придобивка: не ви се потребни повеќе навлажнувачи за кожата после капењето. Едноставно исушете се и веднаш облечете се!
Постојат многу причини зошто луѓето не сакаат да користат лосион за тело. 49% велат дека немаат доволно време, додека на 28% не им се допаѓа чувството на лепливост кое го остава на нивната кожа лосионот за тело, а особено мажите не го сакаат непријатното чувство кога лосион за тело се задржува на влакната на нивното тело. Сепак, повеќето луѓе со нормална до чувствителна кожа, се чини дека не се доволно свесни за тоа колку е важна хидратацијата во зајакнувањето на одбранбениот механизам на кожата. 39% луѓе само повремено користат лосион за тело.
„Кожата нè штити од влијанијата на животната средина и не му дозволува на телото да ја губи влагата“, вели Анет Бургер која работи во Баерсдорф АГ во одделот на Eucerin за развој на производите. „Да се задржи кожата силна, важно е редовно да и се овозможува доволно влага – а чувствителната кожа бара посебна грижа“, истакнува таа.
Eucerin® In-Shower Body Lotion – нова рутина во грижата за кожата
Новиот производ е достапен во аптеките и им овозможува на корисниците да ја зајакнат својата кожа и да се грижат за неа на едноставен начин. Иновативниот Eucerin® pH5 In-Shower Body Lotion од линијата на Eucerin® pH5 skin care се нанесува на влажна кожа, по претходно измивање со гел за туширате, иновативната формула овозможува кожата многу брзо да го апсорбира со што се обезбедува практична заштеда на време, а кожата е хидрирана. Станува збор за мешавина на липиди кои фино се распоредуваат во водата преку процес на дисперзија.
Анет Бургер објаснува: „Оваа иновативна хидро-дисперзивна технологија беше развиена во нашите лаборатории и гарантира дека производот останува на влажната кожа и може да се апсорбира брзо, иако таа на крајот ќе ја исплакнете. Формулата не содржи емулгатор, но сепак успева да формира стабилна комбинација на масло и вода. Заедно со вистинската комбинација на состојки оваа нова формула гарантира дека содржината која ќе остане на кожата е доволно ефикасна за да ја навлажни и да се зајакне кожната бариера по секоја редовна употреба.“
Блага, но ефикасна формула за чувствителната кожа
Благата формула од првиот In-Shower Body Lotion достапен во аптеките е особено добро прилагоден за чувствителна кожа.
„Eucerin® In-Shower Body Lotion содржи 5 % декспантенол, кој ја смирува кожата и ефикасно ја навлажнува“, вели Анетн Бургер. „На овој начин се зголемува природната заштитна функција на кожата.“
Резултатот е мазна и заштитена кожа.
Eucerin® In-Shower Body Lotion треба да се применува во следниве чекори:
1. Прво, исчистете ја кожата со вашиот вообичаен производ за туширање, на пример, со pH5 Wash Lotion или со Eucerin® pH5 Shower Oil за сува кожа и исплакнете темелно.
2. Накратко исклучете ја водата и хидратирајте го телото со In-Shower Body Lotion. Благодарение на иновативната формула, кожата може да го апсорбира многу брзо.
3. Накратко исплакнете, исушете се и облечете се, како и обично – за мазна и заштитена кожа без лепливо чувство.
Eucerin® In-Shower Body Lotion не содржи емулзивни додатоци. Неговата ефикасност и подносливоста на кожата е докажана во клиничките и дерматолошките студии.
„Не само што бевме во можност да покажеме дека сосема доволно од производот останува на кожата, но исто така можевме да се убедиме во ефикасноста на производот како што е измазнета кожа, навлажнета и зајакната кожна бариера“, објасни Анет Бургер. „Покрај тоа, ние спроведовме две клинички студии, кои покажаа многу добра ефикасност и подносливост дури и кај пациентите со осетлива кожа или со кожни болести“, додаде таа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.