Еucerin Elasticity+Filler за кадифено мека кожа и по педесеттата година од животот

Еucerin Elasticity+Filler за кадифено мека кожа и по педесеттата година од животот

За подобра еластичност плус пополнување на длабоките брчки

Како што нашата кожа старее, структурата се менува. Еластичноста, цврстината и сјајот се намалуваат, а брчките стануваат сѐ повидливи и подлабоки. Губење на еластичноста, во комбинација со појавата на длабоки брчки, е примарна грижа во процесот на стареење на многу жени со зрела кожа.

Еucerin Elasticity+Filler за кадифено мека кожа и по педесеттата година од животот

Еucerin Elasticity+Filler е нов производ од лабораториите на Баерсдорф кој ја зајакнува структурата на кожата, преку подобрување на еластичноста и пополнување на длабоките брчки.

Колекцијата која се состои од крем за дневна нега, крем за ноќна нега и масло за нега, содржи единствена и иновативна формула која обезбедува повеќекратни придобивки против стареењето на кожата.
 Активни состојки во Еucerin Elasticity + Filler се арктиин, екстрахиран од растението пиреј кој докажано го забрзува обновувањето на колаген во клетките на кожата, во комбинација со силимарин – моќен антиоксиданс кој ги заштитува колагенот и еластинот од слободните радикали и ја подобрува циркулацијата на кожата на клеточно ниво. Формулата е збогатена со арганово масло за потрахнувачки ефект и хијалуронска киселина – супстанца која се наоѓа во сврзното ткиво на нашата кожа, и истата ја прави цврста и еластична, пополнувајќи ги длабоките брчки.

Благодарение на оваа формула богата со витамин Е кој го намалува оксидативниот стрес, кожата се чувствува заштитена и мазна, а изгледа свежо и сјајно.

Еucerin Elasticity+Filler за кадифено мека кожа и по педесеттата година од животот

Еucerin Elasticity + Filler кремот за дневна нега исто така, содржи SPF15 со УВ филтер за дополнителна заштита од сончевите зраци, кои ги продлабочат брчките и го забрзуваат процесот на стареење на кожата.

Клиничките и дерматолошки студии покажаа дека производот има исклучителна ефикасност и придобивки врз кожата. Health Products Regulatory Authority (HPRA) спроведе студија со 120 жени на возраст од 49 и повеќе години. По двонеделно тестирање на производот тие ги објавија следниве резултати:

  • 99%: подобрен е изгледот на мојата кожа
  • 98%: ја чувствувам кожата значително поцврста
  • 98%: интензивно ја навлажнува кожата
  • 97%: ја чувствувам кожата мазна и еластична
  • 93%: брчките се помалку забележителни

Еucerin Elasticity+Filler за кадифено мека кожа и по педесеттата година од животот

Каков е ефектот на ХК (хијалуронската киселина)?

ХК е способна да врзе голема количина на вода (повеќе од 30-пати од сопствениот волумен). Во средина со вода таа формира вискозен гел и така го пополнува клеточниот простор, со што го помага и пополнувањето на брчките од внатре кон надвор.

ХК делува и во рожнатиот слој и во епидермисот, зависно од молекуларната тежина (висока или ниска молекуларна тежина).

Еucerin Elasticity+Filler за кадифено мека кожа и по педесеттата година од животот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар