ЕДЕН НА ЕДЕН: Бејби ја разголи душата пред Жаре (ВИДЕО)

ЕДЕН НА ЕДЕН: Весна Бејби за прв пат проговори за најтешките периоди од животот (ВИДЕО)

Оваа сабота следува уште едно одлично издание на најгледаното ток-шоу во земјава, „Еден на Еден“.

eden-na-eden-vesna-bejbi-za-prv-pat-progovori-za-najteshkite-periodi-od-zhivotot-video-kafepauza.mk

Со почеток во 19 и 15 часот на телевизија Телма ќе имате можност да го погледнете ексклузивното гостување на една од нашите најпознати актерки, водителки, а од неодамна и писател, Весна Петрушевска – Бејби. Причината за гостувањето е тоа што Весна пред неколку недели ја објави својата автобиографска книга „Трофеј“, во која таа го опишува својот турбулентен живот во детали.

Во емисијата Жаре и Весна зборуваа отворено за поранешниот брак, за инцидентот поврзан со нејзината ќерка кој летово ја турна Весна во депресија и многу повеќе. Уште поважно, веселите мигови нема да изостанат и меѓу другото ќе бидете сведоци на неколку игри во кои Жаре и Весна ќе ве насмеат до солзи!

Затоа, не ја пропуштајте оваа епизода од вашето омилено ток-шоу, сабота во 19 и 15 часот на Телма.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар