Ѕвездата од Entourage, Џереми Пивен, се појавува во божиќна романтична комедија
Верувале или не, оваа празнична сезона Џереми Пивен го носи божиќниот дух во нашите домови. Точно така, добитникот на наградата Еми за улогата на Ари Голд од Entourage доаѓа во тотално поинаква улога како самохран татко на тинејџерка и прави да чувствувате дека романтичната комедија како жанр е подготвена за ренесанса.
Сместен во Јорк, Англија, новиот филм на Пивен, „Божиќниот состанок на татко ми“ е празничен филм за 16-годишната Џулс (Оливија Мај-Барет), која е изморена од однесувањето на нејзиниот вдовец татко, Дејвид (Jeереми Пивен), кој е тажен и осамен две години по смртта на неговата сопруга (нејзината мајка). Така, Џулс тајно започнува да креира за него профили за запознавање и состаноци преку Интернет. Постојано го следи татко и за да провери како поминуваат состаноците и да ги оцени кандидатките. Во меѓувреме, Џулс чува и други тајни: едвај да оди на часовите и има момче кое го крие од нејзиниот татко. Додека Дејвид се прашува зошто толку многу жени одеднаш флертуваат со него, Џулс се обидува да ја надмине сопствената тага.
Во едно од многуте интервјуа за филмот Пивен вели дека тој дефинитивно не препорачува децата лажно да се претставуваат како своите самохрани родители на страниците за состаноци но исто така вели дека „во филмот, сето тоа е само добра забава“.
„Она што е толку кул во врска со овој филм е тоа што е смешно и искрено, непријатно и опасно и сите овие различни нешта одеднаш“ – изјави добитникот на наградата „Еми“.
Ликот на Пивен секако е дијаметрално спротивен од ликот на Ари Голд што го играше во хит шоуто Entourage. Токму тоа според него било возбудлив предизвик. Тоа не е само комедија, туку истражува како луѓето ја користат комедијата за да се справат со тагата и тоа е една од работите што го привлекле кон проектот.
„Никогаш не сум играл ваква улога“, призна комичарот, но имал можност да се инспирира од своето семејство за да го долови ликот на семеен човек. „Имав одличен татко – мајка ми е сè уште со мене, а со децата на сестра ми одлично се согласувам.“
Тој исто така верува дека, поради моменталната состојба во светот, „треба да гледаме повеќе“ лесни филмови и да се смееме повеќе.
„Божиќниот состанок на татко ми“ е оригинален наслов на FilmBоx, затоа зачувајте го датумот 24.12 и гледајте на FilmBox Premium во 20 часот и оваа одлична комедија ќе биде достапна за гледачите на FilmBox Extra од 26.12 во 21.00 часот.
За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.
Среќни празници!