Дознајте што мислат жените кои започнаа да користат парни генератори

Дознајте што мислат жените кои започнаа да користат парни генератори

Во денешното хаотично секојдневие, секоја од нас е менаџер. Едноставно, менаџираме на работа, менаџираме во семејството, менаџираме со сите секојдневни обврски со цел да може да ги постигнеме задачите кои си ги поставуваме. Затоа, важно ни е процесите да се брзи и ефикасни, а доброто планирање на времето значи подобри резултати.

Квалитетните апарати за домаќинство се основата на добрата организација во домот. Помалку време, помалку нервоза и совршена помош за да биде сè под конец. Пеглањето можеби не е најинтересната работа, но дезинфекцијата на алиштата и перфектно средената гардероба се секогаш во мода. Во изминатиот период во неколку наврати низ трговските центри имавме можност да се сретнеме со промоциите за парните генератори на Philips, кои ни оставија голем впечаток.

Можете да ја оставите пеглата врз облеката и таа никогаш нема да биде изгорена, можете да пеглате вертикално благодарение на моќната пареа која ја имаат, можете дури и да пеглате врз апликации без никако да се оштети, ниту гардеробата, ниту пеглата.

  • Моќна пареа (470 г моќ на пареа)Дознајте што мислат жените кои започнаа да користат парни генератори
  • Optimal temp технологија без сетирање на температура, 100% гарантирано без изгореници на сите материјали погодни за пеглање
  • Вертикално пеглање
  • Лесна пегла
  • Највисок квалитет на Philips плочата за лесно пеглање
  • De calc систем за прочистување (функционира со вода од чешма)

За сите останати карактеристики можете да прочитате на следнава веб страна: www.peglanje.philips.com.mk.

Најубаво се учи од личните искуства, па поради тоа најдовме неколку жени кои веќе користат Philips парни генератори и побаравме од нив да ги споделат нивните искуства со производот. Тука може да прочитате што тие споделија со нас:

Ивана Јованоска

Како родител ми е навистина важно алиштата на моите деца да бидат секогаш испеглани и дезинфицирани. Морам да признаам дека не сум голем љубител на пеглањето, но откако станав мајка едноставно ја презедов таа обврска. Во нашиот дом имаме голема количина гардероба со апликации и принтови, па порано доста често имав проблем и ја оштетував гардеробата. На промоција видов Philips парни генератори и навистина ми оставија впечаток. Можам да кажам дека веќе 4 месеци сум горда сопственичка на парен генератор и процесот на пеглање ми стана навистина полесен. Можеби главната причина што го купив парниот генератор е тоа што плотната на пеглата не може да се оштети, ниту да се залепи за гардеробата, па со самото тоа пеглањето на апликации и принтови на гардеробата го решавам по брза постапка. 🙂 Пеглам обично во недела кога имам повеќе слободно време и втората причина што ми помогна во одлуката за да купам парен генератор од Philips е тоа што можам да пеглам 2 часа без прекин. Има резервоар за вода од 1,8 литри кој патем не мора да го полните со дестилирана вода и едноставно не мора да дополнувате вода на секои 10 минути. Топло ја препорачувам.

Дознајте што мислат жените кои започнаа да користат парни генератори

Соња Николова

Како жена која обожава свила и памук често имав проблеми со пеглањето алишта. Најчесто се случуваше пеглите да ја изгорат гардеробата, материјалот да се залепи за самата плотна и потоа при пеглање на друга облека да го уништам и тоа парче. Купив Philips парен генератор со OptimalTemp технологија пред еден месец и можам да кажам дека сум презадоволна. Го видов на промоција во City Mall и кога видов дека гарантираат дека ќе пеглам без изгореници на гардеробата решив да го купам моделот. Целата приказна е во тоа што генераторот има моќна пареа, односно не се работи за промена на температурата на пеглата која е иста и оптимална, туку самата пареа навлегува во порите на гардеробата, на тој начин го олеснува пеглањето и не дозволува да дојде до изгореници на гардеробата. Поради тоа што и јас и сопругот работиме канцелариска работа, пеглањето се одвива секојдневно. Мене ми заврши голема работа парниот генератор, а верувам дека е корисен за сите оние кои имаат динамично темпо на живеење и работа во која има кодекс на облекување.

Дознајте што мислат жените кои започнаа да користат парни генератори

Јована Станковиќ

Никогаш не сум сакала да пеглам. Додека живеев со мајка ми, таа беше задолжена за тој дел од домашните обврски. 🙂 Веќе две години живеам со сопругот и константно имаме преговори кој ќе го преземе пеглањето, па најчесто се менуваме на една недела. Сопругот е прилично темпераментен, па кога ќе дојде ред за пеглање гледа да заврши за 5 минути што е практично невозможно. Главниот проблем секогаш беше сортирањето на гардеробата. OptimalTemp опцијата на Philips парните генератори не спаси. 🙂 Можеш да наредиш на даска за пеглање различни материјали и потоа со едно поминување ги пеглаш сите одеднаш. Се шегувам секако, но можете да пробате ако сакате. 🙂 Плус, гардеробата ја пеглам вертикално. Самиот генератор има моќна пареа па нема потреба секогаш да ја расклопувам даската за пеглање и можам да го испеглам фустанот кој сум го спремила за дента директно на закачалка. Искрено, парните генератори на Philips ги препорачувам на сите. Ако можеше мојот сопруг да стане експерт за пеглање, тогаш навистина може секој. 🙂

Дознајте што мислат жените кои започнаа да користат парни генератори

За да ги погледнете сите модели на парните генератори, како и продажните места посетете ја веб страната на Philips.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Јасмина Reply

    Забелешка за шовинистичкиот напис- не пеглаат само жените , така што ако сакате да имате потрошувачи во 21от век, потрудете се да не поттикнуваат стереотипи….

Остави коментар