Дознај кој карактер ти прилега преку ликовите на „зимското“ Битолско чупе

Дознај кој карактер ти прилега преку ликовите на „зимското“ Битолско чупе

Дали уживате во зимските авантури или, пак, повеќе сакате снегот да го гледате од прозорецот и да уживате во домашна атмосфера? Дали сте повеќе фан на сноуборд или на скии? Имате силна детска страна и уживате во правењето Снешко Белчо или, пак, претпочитате да не се измокрите и да им ја оставите таа игра на децата?

Дознај кој карактер ти прилега преку ликовите на „зимското“ Битолско чупе

Преку овие неколку едноставни прашања во форма на квиз, дознајте кој лик од Битолското чупе во својата зимска варијанта го претставувате вие. 4 дизајни – 4 карактери на Битолското чупе се кријат во новите зимски амбалажи на омилениот Битолски јогурт: на скии, на сноуборд, со Снешко Белчо или, пак, во зимска прошетка. Кое најмногу ви одговара вам?

1. Сабота е, немате обврска да излегувате. Надвор наврнало премногу снег. Автомобилот ви е покриен, тротоарите се непроодни. Што ќе направите?

а. Веднаш се јавувам на сите пријатели, одиме во паркот на борба со снежни топки!

б. Ништо особено. Дома е најубаво кога надвор паѓа снег, а јас уживам со чаша топло млеко.

в. Ја проверувам прогнозата за следните денови и на планинските места. Доколку снегот продолжи да паѓа, неизбежна е резервација во некој ски-центар.

г. Снегот е добар повод за зимување, но треба добро да се размисли пред да се тргне на пат: каде, со кого, колку ќе ме чини.

2. Напорен ден на работа: строги рокови, непрочитани пораки, безброј телефонски повици, закажани состаноци, а времето ве гази; едноставно, не се постигнува сè. Како ќе се справите?

а. Едно по едно, се постигнува сè. Само со добра организација, смирено и сталожено, почнувате да ги решавате проблемите.

б. Заминувате дома со некој изговор дека не се чувствувате добро, па колегите сигурно ќе најдат начин да се справат со вашите проблеми.

в. Се обидувате да ги одложите роковите со аргумент дека не се постигнува. Сталожено работите, а преостанатото време го користите за релаксација.

г. Успевате да се снајдете. Без срам, се соочувате со проблемот и барате помош од колегите. Еден ќе заврши едно, друг – друго, дел ќе сработиме сами.

3. Ве повикуваат на планинарење, но вие веќе сте имале закажано нешто друго за тој ден. Како постапувате?

а. Планинарење? Каде? Па како јас не сум во главната организација, ова не се пропушта. Веднаш се „растрчувате“ и го правите планот за целото друштво.

б. А, наместо на планинарење, да одиме на лизгалиште? Или, пак, да го направиме НАЈГОЛЕМИОТ Снешко?

в. Нема шанси! Овој ден е за одмор и уживање. Релаксирачка прошетка на снегот или домашна атмосфера најмногу ми одговараат.

г. Планинарење е добра идеја, се согласувате! Но, можеби треба прво да се проверат временските услови и дали сите членови ја имаме потребната опрема.

4. Вашиот најдобар пријател има голем проблем. Ви се обраќа вам за помош и совет, но со тоа ви наметнува и обврска и товар. Што ќе му кажете?

а. Ќе најдете време и начин како да му помогнете и да го ислушате. Па, тој ви е најдобриот пријател! Сè што е потребно ќе направите за него.

б. Ќе се обидете колку што е можно подолго да го одложите разговорот, а вашиот совет ќе биде во насока „опушти се, сè ќе биде во ред“.

в. Што и да е проблемот, вашиот совет ќе биде забавен и креативен. Ајде, не мисли сега на тоа, ќе одиме да планинариме! Или: наместо да се нервираш, ајде да одиме на викенд во Охрид, пакувај се!

г. Барате изговор да не му помогнете. Па тоа и не е ваш проблем.

5. На улицата гледате голем Снешко Белчо што полека почнува да се топи. Но, тој е навистина прекрасен, сигурно на децата од вашето соседство им биле потребни часови за да го направат. Што ќе направите?

а. Веднаш почнувате да го поправате: ставате нови гранки, носите нов снег за да го обликувате, редите нови камчиња.

б. Правите „селфи“ со Снешкото и објавувате фотографија со порака во која велите дека вие сте го направиле, но сега веќе го нема.

в. Го одминувате. Тоа е тоа. Првите зраци сонце излегуваат и вие не можете ништо против тоа. Единствено можете да уживате во прошетка на последниот снег.

г. Ги познавате децата што го направиле и ги известувате за „несреќниот случај“. Им кажувате дека ќе им помогнете доколку сакаат да направите нов.

6. Зимата ќе помине, па ќе дојде период за планирање и на летните одмори. Како и кога ги планирате вие?

а. Веќе знам каде ќе одам, имам детален план со трошоци и локации и набргу ќе ја направам резервацијата, а тоа, секако, ќе биде на некое море.

б. Рано е за летни одмори, тоа се одлучува во „5 до 12“, каде ќе испадне – таму.

в. Едно е сигурно: мојот летен одмор е полн со авантури. Летното капење не е неопходно, но неопходни се добриот помин и возбудата.

г. Можно е и да не одам на одмор, тоа е премногу организација! Или, пак, ќе препуштам на друг да го стори тоа, но задолжителни елементи се плажа и лежење. 

РЕЗУЛТАТИ

Соберете ги поените за секое прашање според табелата:

Прашање 1 2 3 4 5 6
а 2 3 5 3 5 3
б 1 2 2 1 2 2
в 5 1 1 5 1 5
г 3 5 3 2 3 1

 

ДОКОЛКУ ИМАТЕ:

Дознај кој карактер ти прилега преку ликовите на „зимското“ Битолско чупеОд 5 до 10 поени: Битолско чупе на прошетка на снег

Вие не сте преголем авантурист, но затоа уживате во домашна, опуштена атмосфера, сами или со најблиските. Дури и кога сте сами, сакате да се посветите на себе, да слушате добра музика, да изгледате некој филм, да си зготвите некое омилено јадење… „Life is easy“ е вашата девиза, а, пак, на снегот уживате во релаксирачка, романтична прошетка или, пак, со топло млекце во домашна атмосфера.

А, зошто сте токму ова Битолско чупе? Па, и тоа ужива во мирна прошетка на снегот многу повеќе отколку да се впушта во екстремни спортови или луди авантури.

 

Дознај кој карактер ти прилега преку ликовите на „зимското“ Битолско чупеОд 10 до 15 поени: Битолско чупе со Снешко Белчо

Вие живеете во времето кога растевте на улица со детските игри и го користите секој момент за да се вратите во времето. Уживате во сите детски игри, па дури и тоа да е правење Снешко Белчо на снегот. Безгрижни сте во речиси секој момент, па понекогаш ви се случува дури и да ги занемарите обврските и да дејствувате непромислено. Но, не грижете се! Детето во вас секако треба да продолжи да живее!

А, зошто сте токму ова Битолско чупе? Па зар не е очигледно? Тоа ужива во својот голем Снешко, исто како што би уживале и вие!

 

 

Дознај кој карактер ти прилега преку ликовите на „зимското“ Битолско чупеОд 15 до 20 поени: Битолско чупе со скии

Вие сте спортски тип, активни сте во текот на денот, но и многу темелни и правите промислени одлуки. Рационално размислувате, не избрзувате со одлуките и со потезите, и секогаш одите на сигурна, проверена варијанта. Ги сакате авантурите, независно дали се зимски, летни или секојдневни, но едно е сигурно: не би се впуштиле во авантура без претходно да ги согледате сите можности и сите ризици. И тоа е во ред!

А, зошто сте токму ова Битолско чупе? Па тоа е на скии, а тие се добро проверена опција за зимски спорт. Без премногу егзибиции и екстремности, исто како вас!

 

Дознај кој карактер ти прилега преку ликовите на „зимското“ Битолско чупеОд 20 до 30 поени: Битолско чупе со сноуборд

Едноставно, ги обожавате авантурите! Не може да помине ден а да не направите нешто несекојдневно, или, пак, да спортувате, да се дружите, да се движите. Ве возбудуваат патувања и големи авантури, и секогаш сакате да научите нешто ново. Понекогаш одлуките ги донесувате дури и импулсивно, нема потреба од многу размислување, сè додека авантурата и забавата се во преден план. А, зошто сте токму ова Битолско чупе? Токму поради сноубордот! Како спорт, тој се смета за екстремен, а вие сте вљубеник во екстремните спортови и во возбудата!

 

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар