Донација за социјално загрозени семејства од Стопанска банка АД – Скопје
Во пресрет на новогодишните празници, Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвениот крст на Македонија, на денот на формирањето на Банката, 29ти декември, донираше пакети со храна и средства за хигиена на 250 социјално загрозените семејства во 7 општини во Македонија и тоа: Скопје, Битола, Струмица, Валандово, Кочани, Гевгелија, Струга. Со оваа донација, Банката во годината кога одбележува 70 години од своето постоење, ја продолжува својата стратегија да биде во континуитет поврзана со заедницата во која работи, потврдувајќи ја својата општествено одговорна улога.
Донацијата се состои од најнеопходни производи потребни за егзистенција на едно семејство, одбрани во координација со Црвениот Крст на Македонија, а кои ќе бидат дистрибуирани низ целата република, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови.
Стопанска банка АД – Скопје како финансиска институција со инкорпорирана корпоративна општествена одговорност во своето работење, континуирано вложува во локалната заедница, придонесувајќи кон создавање дух на солидарност, пријателство и соживот.
Како банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, која стои зад најголемите инфраструктурни и индустриски проекти, и која е во тесна соработка со секое семејство во Македонија, Стопанска банка АД – Скопје и понатаму ќе продолжи да биде поврзана со заедницата во која работи, афирмирајќи го своето мото „на ваша страна“ не само формално, туку и суштински.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.