Добредојдовте во Твин Пикс – жители: 51.201

Добредојдовте во Твин Пикс – жители: 51.201

Селска идила: птица на гранка, во далечината контури од питоми планини, чад од високите оџаци на малата индустриска фабрика, тесен кривулест пат без сообраќај и плоча со натпис „Добредојдовте во Твин Пикс – жители: 51.201“. Тоа е воведот во култната серија на Дејвид Линч, која можете да ја гледате на Pickbox.

1-dobredojdovte-vo-tvin-piks-zhiteli-51-201-kafepauza.mk

Наполно ништо, а особено хипнотично-идиличниот почеток, не може да го подготви гледачот за протагонистите и заплетот на култната серија, која во 2017 година ќе добие нова сезона. Затоа не треба да ве зачуди веста за снимањето на новата сезона, која ќе се емитува 26 години по крајот на серијата која во телевизискиот свет предизвика вистинска сензација, за која известуваа сите важни печатени медиуми и медиумите на интернет.

„Твин Пикс“ како и другите дела на Линч, не е лесно едноставно да се прераскажат, ниту да се класифицираат под некаков жанр. Обидот за прераскажување на дејството би завршил како некој банален заплет во чиј центар има приказна за убиство на гимназиската убавица Лора Палмер во еден мал, мирољубив град на американската провинција. Дури со доаѓањето на специјалниот агент на ФБИ, Дејл Купер, кој го истражува случајот, жителите на гратчето, во кое секој секому му е добар сосед, го покажуваат своето второ лице, па изгледа сите водат двоен живот. Со оглед на тоа што приказната е сѐ освен вообичаена, секој обид за карактеризација, на пример на агентот Купер, кој најчесто разговара со својот диктафон и речиси опсесивно ужива во црно кафе и во пита со цреши, би завршил премногу бизарно.

2-dobredojdovte-vo-tvin-piks-zhiteli-51-201-kafepauza.mk

Со комбинирање на стандардната наративна приказна и со воведување ексцентрични ликови, кои водат приземни но истовремено и многу необични дијалози во сцени кои се карактеристични за филм, а не за ТВ серија, и сето тоа со мелодија која не можете со денови да ја исфрлите од главата, Линч ги прекрши сите тогашни правила на телевизијата, но воедно сериите ги направи привлечни и за филмските ѕвезди. Со сето тоа, оваа серија се истакна како поинаква и оригинална, дури и денес, повеќе од 20 години по премиерното прикажување.

Првата епизода е емитувана на 8 април 1990 година на американската национална мрежа Еј-би-си и веднаш стана една од најгледаните серии во Америка, но и насекаде во светот каде што се прикажуваше. За својата прва сезона „Твин Пикс“ е номинирана во дури 14 категории за најпрестижната телевизиска награда „Еми“, а доби само две награди. Серијата веднаш собра голема база обожаватели и стана дел од поп-културата која вклучуваше книги, стрипови и видеоигри, а во 1992 година е снимен и филмот Твин Пикс: Огну оди со мене, кој е своевиден вовед и заклучок на серијата.

„Твин Пикс“ засекогаш ги промени телевизиските серии и го отвори патот за сето тоа што следуваше по него и затоа со нетрпение ги чекаме новите девет епизоди кои дури сега се снимаат, додека на Pickbox ја следиме серијата која воведе филмски стандарди на малите екрани.

Дали знаевте?

„Твин Пикс“ се прикажуваше во поранешниот СССР и таму, како и насекаде низ светот, беше особено популарна серија. Еден од големите обожаватели на серијата бил и Михаил Горбачов, тогашниот претседател, кој не можел да ја издржи неизвесноста на серијата, па го замолил Џорџ Х. В. Буш (Постариот Буш, тогашниот претседател на САД) да му открие кој ја убил Лора Палмер. Буш Постариот ги повлекол своите врски во Холивуд за да дознае кој ја убил Лора Палмер, така што ова многу важно „политичко“ прашање дошло и до самиот Дејвид Линч, но тој никому, па ни на претседателот на САД не сакал да му го открие крајот на серијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар