dm дрогерие маркт осигура донација вредна 300.000 денари за националната мрежа против семејно и насилство врз жените „Глас против насилство“!

dm дрогерие маркт осигура донација вредна 300.000 денари за националната мрежа против семејно и насилство врз жените „Глас против насилство“!

Датум: 29 ное 2021
Тагови:

Дрогериите на dm кои се познати по своите филантропски принципи на работа уште еднаш го потврдуваат приматот на општествено-одговорна компанија. Трета година по ред, dm своите попусти по повод Black Friday ги менува со хуманитарна донација.

Така, изминатиот „Black Friday“ кога сите решија да „трчаат“ по попусти, dm трета година по ред реши, 5% од својот промет од сите дрогерии остварен на 26.11.2021 да го насочи во хуманитарни цели.

Со поддршка на своите купувачи, dm на 26 ноември оваа година осигура 300.000 денари, кои ќе бидат донирани на Националната мрежа за семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“!

Минатата година, со помош на своите купувачи и фанови, преку акцијата за Black Friday, dm донираше 750 пакети со храна за социјално-загрозени сограѓани, а во 2019, кога за прв пат се организираше оваа акција беа вложени 300.000 денари во обнова на медицинските апарати во Клиничкиот центар во Штип.

Ја поздравуваме оваа хуманитарна активност и се надеваме дека и во иднина ќе бидеме сведоци на што повеќе вакви општествено-одговорни иницијативи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар