Диоптра прослави 25 години постоење

Диоптра прослави 25 години постоење

Во присуство на голем број познати личности од јавниот живот, соработници и пријатели на „Диоптра“, медиуми, дизајнери, уметници и гости од странство, на 14 септември во Куршумли Ан се одржа свечена прослава по повод 25-годишниот јубилеј од постоењето на брендот кој асоцира раскош, елеганција и монденски стил – Dioptra Optics.

На настанот со модна ревија беше промовирана и најновата колекција наречена „Dioptra Eyewear“ на висококвалитетни диоптриски очила, која е потпишана од сопственичката на „Диоптра“ – Марија Костуранова.

Колекцијата „Dioptra Eyewear“ е всушност прва лична колекција на Марија Костуранова и истата брои преку 600 различни модели на очила, сите комплетно произведени во Италија. Се работи за колекција која нуди современ дизајн и максимален квалитет по прифатлива цена, а изработена е со огромна посветеност која е инспирирана токму од 25-годишната приказна на „Диоптра“.

„Особено задоволство ми претставува што мојата пасија кон науката и модните аксесоари со изразена естетика и квалитет, се развија во приказна која постои веќе 25 години, а мојата прва лична колекција би рекла дека е еден уникатен белег токму на јубилеј што го славиме денес. Всушност прославуваме не само постоење, туку 25 години посветена работа, експертиза, наука, разновидност, квалитет, ексклузивност, елеганција… Имаме долга историја и традиција и добро ги познаваме барањата на нашите потрошувачи, па колекцијата ‘Dioptra Eyewear’ е едноставно одговор на сè поголемите барањата за совршен дизајн по пристапна цена”, изјави Марија Костуранова, сопственик на „Диоптра“ и дизајнерка на колекцијата „Dioptra Eyewear“.

Инаку, првиот салон на „Диоптра“ е отворен во 1993 година во Струмица, кој во тоа време претставуваше револуција во модниот свет. Денес „Диоптра“ брои вкупно 5 ексклузивни и модерно опремени салони со високо професионален тим кој верува во значењето на советите, како и во желбите и потребите на своите потрошувачи. Оптиката е ексклузивен дистрибутер на брендовите Etnia Barcelona, Lio Factory, Pier Martino, Snob Milano, Vanni, Lindberg, Moscot, Chloé, Calvin Klein, Etro, Kyme и многу други, а во салоните на „Диоптра“ може да се најдат и голем број други познати брендови како Gucci, Tom Ford, Cartier, Oliver Peoples, Persol, Dita, Thom Browne, Boucheron, Bottega Veneta, Celine, Fendi, Jimmy Choo, Alexander McQUEEN, Brioni и други.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар