Diners Club Македонија го доближува брендот поблиску до сите граѓани со својата нова кампања „Кога сакаш повеќе“
Голем број поволности и рати без камата за сите членови и на сите продажни места во рамки на кампањата
Скопје, 01.11.2021 г. – Компанијата Diners Club Македонија започна нова, смела кампања за репозиционирање на својот бренд, со која Diners картичките стануваат уште поблиску до сите граѓани.
Во рамки на кампањата, компанијата најави и ексклузивна придобивка за сите свои постојни, но и идни членови, преку која во периодот од 1-ви до 7-ми ноември тие ќе можат да пазарат на рати без камата на сите продажни места ширум државата, со што компанијата изразува благодарност за нивната лојалност, но и излегува во пресрет за сите нивни потреби. Меѓутоа, од Diners Club велат дека она што е навистина ново не се поволностите за корисниците на Diners картичките, туку тоа дека Diners брендот е сега поблиску до сите граѓани кога едноставно сакаат нешто повеќе.
„По 25 години од нашето основање, токму од денес пораката ‘Кога сакаш повеќе’ станува нашето главно мото, а преку неа го променуваме и курсот на нашата комуникација и перцепцијата за брендот, од ‘премиум’ кон ‘достапен за сите’. Затоа што Diners Club картичката е навистина тоа: картичка за сите, картичка која не познава граници и која е тука, достапна за сите граѓани, едноставно кога сакаат нешто повеќе и имаат потреба од поголема финансиска сигурност, поголем избор во пазарувањето и флексибилност во начинот на плаќање. А, пак, Diners Club Македонија е компанија која зборува на јазикот кој луѓето го сакаат и разбираат и која ги комуницира своите вредности; вредностите на компанијата, на луѓето кои ја сочинуваат и целото свое деловно работење“, изјави Божидар Јанковски, извршен директор на Diners Club Македонија.
Кампањата „Кога сакаш повеќе“, впрочем, доаѓа како одговор на најчестата перцепција на јавноста за брендот како премиум, ексклузивен и достапен само за повисоките категории граѓани, меѓутоа оттаму потенцираат дека Diners картички можат да имаат буквално сите физички лица со навршени 18 години и редовни примања на основ вработување, сопствена дејност, инвалидска пензија, старосна пензија или други приходи од други извори, а истите нудат и бројни придобивки во купувањето, во секое време.
Во рамки на кампањата Diners Club Македонија ја претстави и својата нова веб-страница, како и подобрената и пофункционална мобилна апликација My Diners, достапна бесплатно за преземање преку Google Play и App Store и преку која сите корисници ќе имаат лесен и безбеден пристап до сите информациите за нивната Diners Club сметка во секое време, ќе можат да ја проверат својата моментална состојба, да вршат трансакции, уплати, да ги следат попустите и понудите на продажните места и многу повеќе.
Diners Club картичката е инаку првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата уште од 1996 година. Денес со Diners Club кредитната картичка може да се пазарува на 8 милиони продажни места во странство и повеќе од 3.600 продажни места и 7.540 ПОС терминали во земјата каде може да се пазарува на рати, но нуди и можности за подигнување на готовина и плаќање на месечните редовни трошоци. Семејството на Diners Club Македонија денес брои над 15.000 активни корисници.