Демир Капија со специјална програма за прослава на „Св. Трифун“

Демир Капија со специјална програма за прослава на „Св. Трифун“

По четврти пат општина „Демир Капија“, во соработка со Центарот за едукација и вмрежување во туризмот, ќе го прослави празникот на лозарите „Св. Трифун“, а со закројувањето на првата винова лоза ќе започне уште една плодна и бериќетна година. Организаторите и оваа година подготвија низа настани со кои ќе биде одбележана „Неделата на традицијата“.

Демир Капија со специјална програма за прослава на „Св. Трифун“

„Организираме натпревари во кроење лоза, најдобри домашно произведени вина и ракии и подготовка на најдобрите традиционални специјалитети, со што се прават напори во зачувување на традицијата од овие простори, која е особено важна за развој на туризмот, а тоа е наша примарна цел“ – изјави Виолета Јанкова, директорка на туристичкиот едукативен тренинг-центар.

На Денот на чествувањето, 14 февруари, планирана е целодневна програма на плоштадот во Демир Капија. Со фолклорни игри и танци ќе се претстават неколку културно-уметнички друштва од повеќе градови, а присутните ќе уживаат во македонската песна преку настапите на групата „Нели ти реков“ и на Блага Петревска, информираше Јанкова.

Демир Капија со специјална програма за прослава на „Св. Трифун“

Вкусни традиционални јадења, мед, вино, ракија, сирење, слатко, домашни специјалитети, занаетчиски производи и други традиционални производи карактеристични за тиквешкиот регион ќе можат да се дегустираат или купат во близина на плоштадот во рамките на базарот. Сè уште е актуелно пријавувањето за учество на истиот, заинтересираните може да се пријават најдоцна 05.02.2014 во просториите на Центарот за едукација и вмрежување во туризмот, на телефоните: 043 366 880, 043 366 881 или во просториите на општината „Демир Капија“.

Дел од програмата е и свеченото закројување на винова лоза на бината од страна на почесниот гостин, градоначалникот и свештеното лице, како и доделување на наградите за најдобрите во претходно организираните натпревари во повеќе категории. Посетителите освен прославата на плоштадот ќе може да ги посетат и изложбите: Карикатури за вино и љубов во галеријата во „Дом на култура“ во Демир Капија и „Стари фотографии“ во Музејот во Демир Капија.

Демир Капија со специјална програма за прослава на „Св. Трифун“

Со цел привлекување на поголем број туристи, програмата е дистрибуирана до неколку туристички агенции, па се очекува масовна посетеност на оваа традиционална атракција.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар