Coca-Cola караванот ја исполни својата хуманитарна мисија

Coca-Cola караванот ја исполни својата хуманитарна мисија

Новогодишниот Coca-Cola караван кој во текот на декември ја споделуваше празничната магија и ги исполнуваше срцата со радост ја исполни својата хуманитарна мисија. Благодарение на добрите срца на илјадници граѓани, добрата волја на голем број компании, училишта, општини, јавни институции како и партнерството со издавачки куќи, во текот на новогодишниот караван собрани се преку 600 книги кои се наменети за децата во Детската клиника во Скопје.

1-coca-cola-karavanot-ja-ispolni-svojata-humanitarna-misija-kafepauza.mk

Добротворната мисија на Coca-Cola која повикува на споделување радост за секого и секаде, продолжи и понатаму. Во соработка со Детската клиника, Coca-Cola ja преуреди и заедничката просторија во склоп на клиниката во која децата можат да уживаат во добиените книги, да играат, се дружат, да го разубават и исполнат времето поминато во болница. Новата соба, Coca-Cola соба на радоста, официјално беше отворена деновиве а дечињата ја дочекаа со голема радост и задоволство.

2-coca-cola-karavanot-ja-ispolni-svojata-humanitarna-misija-kafepauza.mk

Coca-Cola уште еднаш покажа дека малку е потребно за да ја разбудиме добрината и хуманоста во секого и дека многу малку треба за да предизвикаме насмевка на лицето и донесеме радост во срцата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар